Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Лага е дека итната помош ќе се приватизира, граѓаните ќе ја користат бесплатно ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 15, 2021 15:19

Денеска во собраниска процедура се измените на Законот за здравствена заштита. Соња Михаиловска, пратеничка на СДСМ вели дека од ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно се гледа деструктивност и неодговорност.

– Овие две партии повторно го блокираат законот кој е во интерес на граѓаните и здравствената фела. Лага е дека брзата помош се приватизира во  јавните здравствени установи. Со овој закон се овозможува граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита – вели Михаиловска.

Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.
– Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно. Опозицијата која беше на власт Итната помош ја остави со само 5 возила, а лекарите ги доведе на раб на егзистенција па затоа и се случи голем одлив на кадри надвор од земјата – изјави Михаиловска.
Според пратеничката, за овој изминат период освен што оваа влада вложува во опрема, реконструкција на здравствени установи после 70 години, вложува и во медицинскиот кадар. Платите на лекарите ги зголемивме за 40%, а со дежурствата истите се дуплираат.
– За сето време ВМРО-ДПМНЕ со помош на Левица блокираат закони кои се во интерес на граѓаните и здравствените работници, меѓу кои и овој Закон за здравствена заштита. Дали блокадите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ се со цел да го заштитат монополот на приватните болници? Тоа треба да го одговорат пратениците на овие партии. Ние сме изненадени и зошто се коментира за трансплантација која предходно амандмански е повлечен, вели Соња Михаиловска.
За појаснување за измените на Законот ќе се одржи јавна расправа која ја предлага пратеничката група на СДСМ и ДУИ.

 

брза помош пратеничка на СДСМ. Соња Михаиловска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.