Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омикрон инфицира во 77 земји, кај нас засега не е регистриран

0
By Mirjana on December 16, 2021 ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 08:22

Омикрон-сојот се шири исклучително брзо и досега е забележан во 77 земји. Во Северна Македонија сè уште не е регистриран случај на новиот сој, а состојбата со коронавирусот засега е стабилна.

И во светот и кај нас остануваат клучните препораки за заштита и за вакцинација, иако Светската здравствена организација укажа дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и трансмисии поврзани со омикрон-варијантата на коронавирусот, која има поголема способност за реинфекција. За заштита од новиот сој, СЗО препорачува покрај вакцинацијата да се преземат и санитарни мерки, како лична хигиена, носење маски, проветрување.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен очекува Омикрон да стане доминантна варијанта во Европската Унија до средината на јануари и оти се подготвени да се борат со зголемена вакцинација.

Таа информираше дека досега повеќе од 300 милиони Европејци или 66,6 отсто од популацијата на ЕУ се целосно имунизирани против Ковид-19, а 62 милиони веќе примиле засилена доза од вакцината. ЕК ќе почне и со онлајн информативни кампањи, со цел да ги убеди луѓето да се вакцинираат.

Заклучно со 14 декември во Северна Македонија вакцинирани се 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини.

– Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. Податоците покажуваат дека 22 проценти од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина, а опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 проценти, информира Министерството за здравство.

На последната седница на Владата, беше донесена одлука за набавка на вакцини против коронавирусот за 2022 година, со која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од еден отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

На вчерашната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски информираше дека вакцинацијата на малолетните лица ќе се одвива со задолжително присуство на родител или старател. Бидејќи вакцини ќе има во доволна количина, нема да има приоритет според возраст, хронични заболувања или критична структура.

– Во однос на дозите, десет илјади дози од оваа педијатриска вакцина од „Фајзер“ се иницијална количина што не значи дека ако има интерес нема да се набават дополнителни дози. Вакцинацијата е важно да се укаже дека се одвива без закажан термин. Значи, единствен услов за вакцинација на малолетните лица е задолжително да дојдат со родител или со старател и важно е граѓаните да знаат дека и со оваа одлука вакцини за КОВИД-19 ќе има во доволна количина, дека нема приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура, појасни Арсовски.

Во претходното деноноќие во земјава беа регистрирани нови 326 случаи на Ковид-19, а починаа осум лица.

Бројот на активни случаи изнесува 5498, најмногу во Скопје 2647, а потоа следуваат Битола со 447 и Прилеп со 363, а без ниту еден активен случај е само Дебар.

Досега во земјава се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, оздравени се 206.903, а починаа 7768

кај нас се уште не е регистриран ковид во 77 земји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.