Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Борбата против тероризмот сериозен предизвик, нема индикации за нарушување на безбедносната состојба

0
By НОВА ТВ Balaban on December 17, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 17, 2021 12:00

Тој потврди дека Горан Стојков, поранешен командант на Единицата „Лавови“, кој се бараше со потерница за издржување казна затвор од една година, е лоциран и уапсен вчера.  

Преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Ова е сериозен предизвик и предизвик којшто не е сега и нема да заврши, туку предизвик којшто стои пред нас и токму заради тоа сите надлежни органи и МВР и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Сега во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата. На највисоко ниво постапуваат сите единици во составот на МВР и сите агенции. Впрочем, неодамна лажните пријавувања за терористички акти покажаа на колкаво ниво е подготвеноста на македонската полиција и на агенциите во однос на справувањето со ваков предизвик, рече Спасовски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реновираниот објект Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ со донација од САД.

Во однос на ресоцијализацијата и реинтеграцијата на повратниците од боиштата во странство, Спасовски рече дека тоа е многу важен процес, исто како што е важно и кривично да одговараат оние коишто направиле вакви престапи.

– Меѓутоа, и оние лица коишто има услови да се радикализираат или биле радикализирани е важно да се вратат, да се ресоцијализираат и реинтегрираат. Тоа се прави преку програми коишто ги развива Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и тероризам. Тоа е како политика на Влада поставено на највисоко ниво од 2017 година до денеска. Секако дека ние како орган којшто работи пред се, на репресивното постапување заедно со агенциите и за националната безбедност и за разузнавање ги преземаме сите мерки согласно нашите стандардно оперативни процедури по коишто се работи. За оние коишто се наоѓаат на воените жаришта знаете дека неколку пати се правеше репатриација, се враќаа тука. За сите за коишто се обезбедени докази ќе бидат изведени пред суд. Меѓутоа има и наши граѓани коишто се наоѓаат таму, претежно жени и деца, кои беа овде донесени и тие подлежат на еден систем на ресоцијализација и репатриација, појасни министерот за внатрешни работи.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз што се однесува до повратниците терористи од странски боишта во земјава, оцени дека е тоа комплициран и тежок процес и е важно фокусот да биде ставен на реинтеграцијата, како што спомна и министерот. Таа посочи дека меѓу двете влади се одржува редовна комуникација во однос на ова прашање.

– Имаме редовни консултации по однос на ова. САД се посветени не само како партнери во НАТО, туку и на билатерален план да продолжиме да работиме на јакнење на капацитетите. Дел од тие напори се преку ИЦИТАП (Меѓународната програма за поддршка во обука во доменот на кривичните истраги) за да бидеме сигурни дека полициските службеници ја добиваат најдобрата можна обука, како и иследниците со цел да биде појасно како да ги користат доказите од бојното поле при кривични истраги против терористи повратници во своите земји. И да бидеме сигурни дека социјалните програми кои се применуваат за поддршка на семејствата кои се засегнати да ја добијат потребната помош за нивна ресоцијализација и закрепнување, вели амбасадорката Брнз.

Тој потврди дека Горан Стојков, поранешен командант на Единицата „Лавови“, кој се бараше со потерница за издржување казна затвор од една година, е лоциран и уапсен вчера.  

Во однос на постапувањето по случаите за апсење лица кои се бараат со потерница, Спасовски рече дека работењето на МВР во овој дел е на високо ниво и дава резултати.

– Погледнете ги бројките колку биле бројките пред 3-4 години повеќе од илјада, повеќе од 50 во топ приоритети, а денеска зборуваме веќе за двоцифрена бројка која што се наоѓаат во постапка. Така што, ако ги гледате извештаите на МВР ќе видите дека секој ден, само вчера има три лица коишто се уапсени и коишто се бараат по потерница. Така што, ова работење е поставено на едно високо стратешко ниво за МВР и има резултати, вели министерот Оливер Спасовски.

Оливер Спасовски тероризмот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.