Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен суд на Косово: Харадинај не може да биде мандатар

0
By Нова ТВ on June 11, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 11, 2014 15:05

Предлогот на опозиционитe партии на Албанците нов премиер на косовската влада да биде Рамуш Харадинај е неуставен, оценуваат претставници на Уставниот суд и кабинетот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, јави Дојче веле.

Коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа, Алијансата за иднина на Косово на Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај вчера (10.06) формираа постизборна коалиција која веднаш излезе со одлука да го предложи Харадинај за премиер. Постигнатиот договор на трите партии го поддржа и движењето Самоопределување на Албин Курти.

Од Уставниот суд и кабинетот на косовската претседателка Атифете Јахјага меѓутоа изнесоа забелешки на оваа одлука, оценувајќи дека тоа не е во согласност со Уставот.
„Уставот е јасен – право на мандат за формирање влада добива партија која е прва по резултати, во конретниот случај ДПК, која има право двапати со различни мандатари да се обиде да формира Влада на Косово“, пишува приштинскиот портал „Газетатрибуна“.
Претседателот на косовскиот Уставен суд Енвер Хасани вели дека коалиција подразбира обединување на партии кои пред изборите направиле договор и на изборите добиле мнозинство гласови.

Тој за медиумите објаснува како се избира нова влада, врз основа на член 95 од Уставот. „По изборите, Претседателот на Република Косово му предлага на парламентот кандидат за премиер за да формира влада, по консултација со политичката партија или коалиција која добила мнозинство во Парламентот. Кандидатот за премиер не подоцна од 15 дена по дадениот мандат го соопштува составот на владата пред Парлементот и бара од него да биде изгласана. Владата се смета за избрана доколку добие мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, објаснува Хасани.
Според него, доколку не биде изгласана владата, Претседателот на државата во рок од десет дена по иста процедура одредува друг мандатар за состав на владата. Доколку и тогаш не се изгласа Владата, шефот на државата закажува нови вонредни парламентарни избори, кои треба да се одржат најдоцна за четириесет дена.
И добриот познавач на Уставот на Косово, Арсим Бајрами, изјави дека опозицијата попусто се радува, додавајќи дека нивниот договор е антиуставен и не подразбира право да формираат влада. Тоа, според него, прво е право на партијата или коалицијата која добила мнозинство гласови на изборите.
Меѓутоа некои незавини стручњаци по уставно право од Косово сметаат дека вчера формираната коалиција треба веднаш да добие мандат за формирање влада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.