Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Пендаровски: Конески останува современ за сите времиња 

0
By НОВА ТВ Balaban on December 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 19, 2021 21:51

Еднаш веќе реков, но би сакал да повторам: не смееме да дозволиме културата на заборав да стане преовладувачка. И тоа најмалку заради актуелниве негирања од страна, најмногу – заради нас самите, рече Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на свеченото одбележување на јубилеите „75 години Филолошки факултет“ и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ што се одржа во Македонскиот народен театар, во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

На свечениот настан, на претседателот Пендаровски му беше врачена плакета во знак на особена благодарност за континуираните напори и за придонесот во развојот на високообразовната и научната дејност, како и за несебичната поддршка и афирмација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје во земјата и во странство. Беше прикажана и балетската претстава „Меѓусвет“ (Убавите жени) инспирирана од поезијата на Блаже Конески чија кореографија и режија ја подготви Рисима Рисимкин.

Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

„На крајот сме од годината во која одбележуваме 100 години од раѓањето на Блаже Конески, еден од носечките столбови на современите образовни, научни, културни и уметнички политики кај нас, кој заедно со Михаил Петрушевски, Харалампие Поленаковиќ и неколкумина други се основополжници на Филолошкиот факултет и трајни патокази за идниот развој на филолошките науки, како интегрален дел на хуманистиката.

Во време кога, за жал, сведочиме на пенетрацијата на пазарниот концепт во образованието, кога тенденциите на новите генерации, обликувани од глобализацијата, се фокусирани врз областите на бизнисот, менаџментот и информатичките науки, се чини уште позначајно, дури и приоритетно да се сочува и развива овој сегмент во научната и креативната дејност, бидејќи станува збор за образовен корпус што ги обединува клучните човекови мислечки потенцијали, без кои не може да се замисли нашето опстојување и во времињата сегашни и во времињата идни.

Филолошкиот факултет низ сите овие децении од своето постоење бил јадрото кое стои наспроти културата на заборавот, негирањето и тишината, промовирајќи ја културата на дијалогот. Без било каква задршка можеме да кажеме дека Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ претставува парадигма за критичката педагогија, имајќи ги на ум сите авторитети – професори, научници, студенти, јавни личности, кои во изминатите седум и пол децении посветено го граделе неговиот научен и креативен идентитет.

Филолошкиот факултет, од самите свои почетоци, до денес, покажува дека е возможно во образовните институции да опстојуваат форматите на размена на знаења, кои се флексибилни во однос на духот и потребите на времето, и низ кои се промовираат интердисциплинарни модели на академска, творечка, општествена, па дури и политичка акција. Филолошкиот факултет ја развива визијата за нужноста од проактивно, критичко и дијалошко дејствување, а тоа, најмногу ги засега двата, според мене, витални општествени сегменти: образовните и културните политики.

Дозволете ми да се навратам на оној, според кој, повеќе од заслужено е именуван Филолошкиот факултет. 100 годишнината од раѓањето на Конески ја чествувавме низ различни модалитети и со бројни ограничувања, најмногу заради пандемијата. Но, за да го оддржиме континуитетот во паметењето за оние личности кои се темелници на нашата култура, не смееме да имаме изговор за ниту еден прекин во нивното, секогаш наново, исчитување, толкување и дополнително позиционирање во современоста.

Ќе ми дозволите да споделам со вас едно мое длабоко уверување, имено, значајните општествени, културни и уметнички вертикали, не постојат само за пригодни и протоколарни одбележувања. Доколку навистина се грижиме за тоа наследство, тогаш треба постојано и посветено да го валоризираме, да го толкуваме, анализираме во согласност со актуелните социо-културни контексти. Еднаш веќе реков, но би сакал да повторам: не смееме да дозволиме културата на заборав да стане преовладувачка. И тоа најмалку заради актуелниве негирања од страна, најмногу заради нас самите.

Почитувани,

Многу нешта се кажани и напишани за научното, книжевното и воопшто, општественото  значење на Блаже Конески. Но, во неговиот случај, никогаш не е доволно. Затоа што станува збор за повеќеслоен опус во кој се наоѓаат битни толкувања на нашето минато и нашата современост. Секогаш кога зборуваме за Конески како втемелувач во сферата на филолошките, лингвистичките и хуманистичите науки, мораме да го издвоиме неговото комплексно разбирање на современоста, која ја создава во нераскинлива врска со наследеното, со народното, духовното, книжевното.

Храброст е да се оди кон нови стилски и мисловни синтези кои ќе се вклопат во поставеноста на, како што велеше Конески, „снагата на литературниот јазик“. Храброста на Конески во неговиот лингвистички и книжевен израз не е импулсивна, како што честопати знае да биде, туку почива врз длабоко промислување и стратешко и одговорно делување.

Тој верува дека јазикот не е даден еднаш засекогаш и дека мора да се има храброст, доблест и трпеливост за тој да прерасне во жив организам, кој постојано ќе се менува и збогатува, засновано врз претходно воспоставениот континуитет. И сето тоа го прави низ синергија на емоционалното и интелектуалното, една од најмоќните карактеристики на неговото творештво.

Почитувани,

Македонскиот народ е привилегиран да има како дел од своето културно, уметничко и научно наследство, вертикала каква што е Конески. Има неколку мисли на Агамбен што индиректно асоцираат на креациите на Конески, а кои го дефинираат како човек кој стои со двете нозе во неговото време, но, можете комотно да го поставите и во нашево, а да не изгуби ништо од својата свежина.

Имено, тој вели: „Современ може да биде единствено оној кој не допушта да биде заслепен од светлата на векот… современ е оној кој ја перцепира темнината на своето време … и кој не престанува да го интерпретира. … На своето време му припаѓа оној кој не се прилагодува на неговите барања, туку се обидува повеќе од кој било друг да го перцепира, сеопфатно да го согледа и разборито да го коментира.“

Почитувани, токму затоа, Блаже Конески останува современ за сите времиња. И затоа немам сомнеж дека Филолошкиот факултет кој го носи неговото име, ќе остане современ и траен за сите времиња.

Ви благодарам за укажаната чест, Ви ги честитам двата јубилеи, и Ви посакувам долга, успешна, научна, академска и педагошка дејност.“

 

 

„100 години од раѓањето на Блаже Конески“ „75 години Филолошки факултет“ јубилеите Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.