НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сал Паоло: Отворањето на Светското првенство во фудбал

0
By Нова ТВ on June 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Церемонијата на Светското првенство се одржа во Арена де Сао Паоло во Бразил со топ-изведувачи, вклучувајќи ја Џенифер Лопез.

Таа излезе на сцената да ја пее официјалната песна на ФИФА Светското Првенство , “Ние сме едно (Ола Ола)”, заедно со Питбул и бразилската поп ѕвезда Клаудија Лејте.

Церемонијата започна со деца кои скокаа на тобогани и луѓе облечени како дрвја кои шетаат во форма на огромен свет во центарот на теренот.

На сцената беа и голем број танчери кои се претставија со различни соло и заеднички точки.

Првенството го отвори домаќинот Бразил, кој ја победи Хрватска во првиот натпревар на турнирот, кој го проследи толпа на повеќе од 60.000 луѓе, од кои 12 беа странски шефови на држави.

Натпреварот, започна по 21 часот и додека траеше надвор дојде до насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои се обидоа да ги блокираат клучните патишта кои водат кон стадионот.

Демонстрантите се прегрупираа за околу два часа подоцна и повторно се судрија со полицијата во три блока, фрлајќи камења и палејќи ѓубре.

Локалните медиуми објавуваат дека најмалку едно лице е уапсено, додека продуцентот за вестите за мрежата Си- Ен-Ен според очевидци бил меѓу повредените.

Сао Паоло, кој е најголемиот град во Бразил и бизнис центар, до четвртокот личеше само на град на духови поради делумно прогласениот празничен ден, со цел да се обезбеди сообраќај до фудбалскиот стадион.

Но, возбудата почна да се шири уште во средата. Фановите мавтајќи ги знамињата на Бразил се качија на возови и се упатија кон стадионот, додека хрватските поддржувачи пиеле пиво на „Авенида Паулиста“, една од најпознатите сообраќајници во градот.

Тимот на Бразил, предводен од ѕвездата- напаѓач, Нејмар (22), освен што ја победи Хрватска, планира и да ја освои рекордната шеста титула на Светското првенство.

Влоговите се високи. Доколку турнирот заврши успешно, се претпоставува дека тоа може да има ефект врз шансите за реизбор на претседателката Дилма Русеф во октомври.

Таа ги отфрли критиките за прекумерно трошење и ги повика Бразилците да застанат зад националниот тим.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.