НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандев: Навивам за Бразил

0
By Томе Христов on June 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалската треска започна и кај нас. Во родниот град за Светското првенство е и еден од најпознатите македонски фудбалери и струмичка гордост, Горан Пандев. За фудбалерот на Наполи фаворит на првиот натпревар, кој се одигра вчера беше Бразил.

„Мој фаворит е Бразил, затоа што е домаќин, но се надевам дека ќе има изненадувања и ќе гледаме интересен натпревар. Во финалето очекувам да се сретнат европска и јужноамериканска репрезентација“, изјави Пандев.

Тој натпреварот го следеше со најблиските од академија „Пандев“, а крајот на мундијалот
истакна дека ќе го следи во Италија.

Во најфудбалскиот град Струмица, кафулињата беа преполни. Струмичани наздравија за
стартот на првиот натпревар. Навивачите беа поделени, иако преовладуваа симпатии кон
бразилските ѕвезди. Меѓу нив на стартот на СП, повторно како „противници“, градоначалникот Зоран Заев и пратеникот Славе Гошев.

Струмичкиот градоначалник ги бодреше „ кариоките“, додека пратеникот Гошев „коцкестите“. „Фаворити ми се Бразил пред се заради предноста што ја имаат како домаќини, но секако и поради екстра играчите со кој располага бразилскиот тим. Меѓу главните кандидати за освојување на првенството освен Бразилците се и Шпанија, Португалија со ѕвездата Роналдо, и силната Германија“, рече Заев.

Тој отворањето на СП и првиот натпреварго следеше во домашна атмосфера. Пратеникот Славе Гошев заедно со своето друштво во едно од струмичките кафулиња навиваа за Хрватска.

„Од дете сум навивач на Динамо Загреб па така и вечерва ќе ги бодрам Хрватска на првиот
натпреваер со домакинот Бразл. Инаку мои фаворити за Светското првенство се токму
Хрватска и Аргентина“, рече Гошев.

Во Струмица на стартот од мундијалот е и Игор Филевски – Филе кој подготвува фудбалско кабаре секоја ноќ до крајот на првенството.
„Има ли пофудбалски град во Македонија од Струмица. Токму заради тоа сум и јас овде. Вечерва Хрватска ми е фаворит зошто ми се комшии и мислам дека ќе направат изненадување, тоа е некако стандардно на отварање на првенство. Нејмар е дел од екипата
на Барселона, но направи толку голем раздор во екипата што тоа резултираше со негативен пласман на трите локации, иако никој од Барселона не сака да го признае и каже тоа. После
Светското мислам дека ќе биде спуштен на земја како што рече Јохан Кројф, пред извесно
време “, истакна Филе.

Координаторот на академија „Пандев“ Југослав Тренчовски, во друштво на Пандев е на
страната на Бразил. Тој мисли дека како домаќини се во предност пред Хрватска.
„Атмосферата која ќе ја направат вечерва на отворањето и како домакини мислам дека
Бразил се во предност и фаворити вечерва против Хрватска. Исто така имаат играчи кои
играат надвор од Европа, а тоа значи дека се поодморени од останатите. Инаку на СП покрај Бразил, не треба да ги исклучиме и Шпанија, како и останатите јужноамерикански екипи“, вели Тренчовски.

По првите 90 инути „ кариоките“ ги освоија првите бодови против „коцкестите“, а меѓу
навивачите во Струмица Зоран Заев го „доби“ Славе Гошев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.