Интерфест, меѓународен фестивал на виното ќе биде одржан по 11. пат на плоштадот во центарот на Нови Сад, од 19- 21. Јуни 2014 година
На овогодишниот ИнтерФест во Нови Сад, најголемиот фестивал на виното во југоисточна Европа, ќе се претстават и македонските винарии. Овој влијателен саем од меѓународен карактер, е еден од најголемите манифестации во Нови Сад и секоја година е посетен од 30. 000 до 50. 000 љубители на виното.
Покрај домашните,свои вина претставуваат и винари од многу европски вински земји. Оваа година на винската публика се застапени повеќе од 70 вински куќи.
Од регионот гостуваат винарии од Словенија, Хрватска (Далмација, Истра, и Славонија) Црна Гора и Србија.
Ќе бидат представени и вина од Португалија, Шпанија и Унгарија.
Посебен интерес предизвикуваат и вината од Македонија, кои се особено славени од љубителите на доброто вино во Нови Сад, како и од професионалните познавачи на виното.
Македонските вина се застапени преку винариите Камник, Тиквеш, Сковин и Стоби.
Голем број на учесници и посетители, како и јака медиумска подршка се причините заради кои ИнтерФест важи за еден од најголемите и најзначајните вински фестивали во регионот.
Со цел за ширење и популаризирање на винската култура ИнтерФест е конципиран со цел да претставува одличен комуникациски канал помеѓу производителите и на вино и најшироката публика, а истовремено овозможува одлична работна и забавна атмосфера.
Во текот на трите фестивалски вечери, на големата бина на Интерфест на плоштадот во центарот на Нови сад се одржуваат настапи на познати изведувачи од регионот.