НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски се сретна со амбасадорката Холштајн: Германија е наш најголем стратешки сојузник во Европа, соработката меѓу двете држави да се продлабочува

0
By Mirjana on December 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски заедно со секретарот на меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретнаа со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.
На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, како евроинтегративниот процес и економската соработка помеѓу двете земји.
Претседателот Ковачевски искажа благодарност што во сите овие 30 години Германија дава безрезервна поддршка на нашата држава во сите клучни сфери, особено во делот на економијата, но и најзначајните реформски процеси.
„Германија е нашиот најголем стратешки сојузник во Европа и силен поддржувач на нашиот евроинтегративен процес.  Ви благодарам на сета досегашна поддршка и се надевам дека таа ќе продолжи и во иднина. Покрај тоа што сме партнери во НАТО, што сте наш силен поддржувач за интеграцијата во ЕУ, Германија е нашиот најважен трговски партнер, не само поради германските компании што се присутни овде, туку и преку размената на стоки меѓу двете држави. Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија за нас е многу важна партнерска организација и со соработката со неа ќе ја продолжиме и унапредиме“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски изрази уверување дека Германија ќе продолжи да дава поддршка и да и помага на Република Северна Македонија во евроинтегративниот процес, со цел брзо започнување на преговорите за членство во ЕУ, нешто што нашата држава целосно го има заслужено.
Амбасадорката Холштајн му честиташе на Ковачевски за изборот за претседател на СДСМ. Таа посочи дека еден од врвните приоритети на новата германска Влада ќе биде проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан меѓу кои и Северна Македонија, додавајќи дека Германија ќе продолжи да ја продлабочува соработката со Северна Македонија особено во делот на економијата и помош при реформските процеси
СРЕДБА КОВАЧЕВСКИ ХОЛШТАЈН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.