Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија, пишува д-р Нико Беќаровски, во својот најнов став на фејсбук профилот.
Тој смета дека нема простор за страв од сојот омикрон.
– А зошто се крева толкава прашина и се влева страв? Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4.000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома, пишува тој.