Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АСО: Животот го осигурале над 242.000 граѓани, вложиле 21,5 милиони евра за девет месеци

0
By Mirjana on December 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 11:24

Вложувањата во животно осигурување во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани и достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра). Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

– Во периодот јануари – септември петте компании за животно осигурување склучиле над 39.000 договори за осигурување. Во износот на вкупни вложувања во животно осигурување најголемо е учеството на осигурување живот во кое е вклучена и штедната компонента. Овој осигурителен продукт со полисата за осигурување живот нуди можност вложените средства за осигурување да се штедат и по истек на рокот на полисата да му бидат исплатени на осигуреникот. Во осигурување живот со штедна компонента во првите девет месеци годинава се вложени 838 милиони денари (13,6 милиони евра), велат од АСО.

Додаваат дека во класичното животно осигурување кое покрива ризик смрт, во овој период, се вложени 237 милиони денари (3,9 милиони евра).

– Овој продукт, популарно познат како „ризико осигурување“, нуди финансиски надомест за членови на семејство или блиски лица во случај осигуреникот да почине, но нема штедна компонента. Тоа значи дека вложените средства не се враќаат на осигуреникот на истек на договорот за осигурување, појаснуваат од АСО.

„Јунит линкд“ осигурувањето, истакнуваат, е најновата класа на нашиот осигурителен пазар за животно осигурување.

– Кај ова осигурување вложените средства не се штедат, туку се вложуваат во удели на инвестициски фондови кои купуваат акции и други хартии од вредност кои се тргуваат на светските берзи. Кај оваа класа осигурување ризикот од вложување го носи осигуреникот. Затоа и нема гарантирана осигурена сума која се исплаќа кога завршува периодот на осигурување. Тоа значи дека кога истекува рокот на договорот осигуреникот добива колку што во тој момент вредат уделите на инвестицискиот фонд во кој се вложени парите. Во првите девет месеци во овој осигурителен производ се вложени 250 милиони денари (4,1 милиони евра). Забележлив е тренд на раст на ова осигурување во вкупното животно осигурување, посочуваат од АСО.

Нагласуваат дека за првите девет месеци петте осигурителни компании по сите основи исплатиле штети во вкупна вредност од 400 милиони денари (6,5 милони евра). Од тоа при смртни случаи на осигуреници на нивни блиски лица и членови на семејства покриени со „ризико осигурување“ се исплатени 36,3 милиони денари (590.000 евра).

– Кај осигурувањата со штедна компонента се исплатени 345 милиони денари (5,6 милони евра) на осигуреници на кои: им истекол договорот, го прекинале осигурувањето или биле обесштетени блиски лица на осигуреници кои починале.  Кај „јунит линкд“ осигурувањето за овој период се исплатени 17,2 милиони денари (280.000 евра) штети. Во тој износ откупот (предвреме прекинати договори на барање на осигуреници) учествува со 12,6 милиони денари (205.000 евра), прецизираат од АСО

граѓани ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.