НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се е подготвено за 30. традиционално бадникување пред Соборниот храм во Скопје

0
By Mirjana on December 26, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, со симболично сечење на бадникови гранчиња денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, се одржа традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022 година.

На прославата која по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, симболичното сечење на бадниковото гранче први го направија годинашните кумови и здравичарот – Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин. Присуствуваа и минатогодишниот кум и здравичарот – д-р Никола Пановски и д-р Миодраг Врчаковски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари.

– На денешниот ден продолжува една традиција каде што би требало да си посакаме добро здравје, долговечност, и исто така многу среќа и подобар живот за сите нас. Верувам дека со продолжувањето на оваа традиција ќе овозможиме да ги поминеме овие празници во духот на долговечноста на доброто здравје, порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Годинашните кумови Драган Спасов Дац и Александар Митевски ги споделија желбите за здравје, среќа и долговечност.

– Да бидеме живи, здрави, весели и среќни. Да живееме убаво, да ни се случува само она што го посакуваме, изјави Спасов Дац.

Митевски, пак, посочи дека уште кога го прифатиле кумството си дале ветување дека ќе го дадат најдоброто од себе.

– Ветивме дека ќе дадеме максимум од себе целата година да ја направиме позитивна, не само 6 јануари што не очекува пред Соборниот храм, додаде Митевски.

По сечењето на бадниковите гранчиња следеше дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент на отворено на падините на Водно.

Според организаторите на манифестацијата, се е подготвено за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик, наведуваат од Граѓанското здружение.

Бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално ги набраа денеска на падините на Водно, заедно со нафора, ракија и чај, свештениците од Соборниот храм на ден Бадник ќе ги осветат, а потоа ќе им се делат бесплатно на присутните верници.

На почетокот на оваа година поради пандемијата со Ковид-19 традиционалното бадникување се одржа со почитување на тогаш важечките протоколи и заштитини мерки од корона вирусот, поради што изостана масовноста на настанот.

Бадниковото гранче го симболизира здравјето, среќата и славењето на животот. Со него традиционално се украсуваат домовите во пресрет на Божик – раѓањето Христово.

СЕ ИСЕКОА БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА ТРАДИЦИОНАЛНО ПО 30 ПАТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.