Вчера (26 декември) во 9 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во тетовско Непроштено, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксваген голф“ управуван од 43-годишниот Ш.С. од тетовско Нераште и „бмв“, што го управувал 40-годишниот Б.Н од тетовско Доброште. Во несреќата, возачот на „бмв-ето“ се здобил со тешки, а другиот возач и неговиот сопатник Ј.М.(43) од Нераште со полесни телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.