До крајот на овој месец ќе се знае новата, поскапа цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули и ќе важи до 1 јули 2015 година. Во Регулаторната комисија за енергетика во моментов се прават пресметките и засега од таму не сакаат да обелоденат колку ќе чини киловат-час електрична енергија за домаќинствата, ниту пак ЕВН соопштува промени, јавуваат медиумите.
Цената на струјата за домаѓинставата е од 80 евра за мегават-час, со вклучени 33 отсто за инсталирана моќност. Последното поскапување на цената на струјата во Македонија се случи во август 2012 година и достигна 9,83 %.
Какви ќе бидат годинашниве пресметки ќе се знае за десетина дена. Експертите предупредуваат дека поплавите во регионов нема да влијаат на цената, но сепак стравуваат од украинската криза, бидејќи евентуалниот недостаток на природен гас може да донесе повисоки цени на другите енергенси, како што е струјата, нафтата и мазутот.
За граѓаните од јануари 2015 година треба да стартува либерализацијата на пазарот на електрична енергија, при што домаќинствата самостојно ќе избираат од кој дистрибутер ќе купуваат струја.