На ревијалниот шаховски натпревар, покрај претседателот Пендаровски учествуваа шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров, Јована Трајчевска која на осум години стана балкански првак за слепи лица во категоријата јуниори, како и Марко Зафиров, државен првак во шах за млади кој наредната година ќе учествува на Европското првенство во шах за млади во Струга.
Натпреварот претставуваше и можност претседателот Пендаровски да поразговара со Марко и со Јована за нивните досегашни достигнувања во шахот, како и за освоените награди и медали.
Настанот се организираше со цел да се актуелизира шаховската игра, да се продлабочи соработката со шахистите, како и да се овозможи инклузивен пристап којшто е одлика на едно демократско општество.