НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фонд за животна средина – еден од главните еколошки приоритети за 2022 година 

0
By Mirjana on December 31, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Итното формирање на Фонд за животна средина треба да претставува еколошки приоритет на македонските власти во 2022 година. Тоа е и една од главните желби на Еко-свест за во Новата 2022 година.

Преку формирањето на Фондот за животна средина, Еко-свест смета дека ќе се постигнат долгорочните резултати во заштитата на животната средина, борбата со климатските промени, односно ќе се придонесе кон систематско и одржливо решавање на најголем дел од еколошките проблеми и предизвици со кои Република Северна Македонија се соочува повеќе години наназад. 

Нужно е воспоставување на посебен Фонд за животна средина, каде ќе се слеваат сите приходи по основ на еколошки такси и даночно оданочување за заштита на животната средина. Тоа го покажува и изготвената „Анализа за воспоставување на Фонд за животна средина“, изготвена од проф. д-р Силвана Мојсовска.

Според анализата, иако граѓаните и компаниите еколошките давачки ги плаќаат по многу различни основи, најголемиот процент од овие пари завршуваат во централниот буџет за други намени, а не за основната намена за која и првично се собираат. Така, само минатата година, над 4,6 милиони евра собрани како еколошки надоместоци по десетина различни основи се слеале во буџетот, но од нив само 1,2 милиони евра завршиле на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање и се искористиле за еколошки проекти.

Со воспоставувањето на независен Фонд за животна средина, каде преку системско собирање на екотаксите на едно место, ќе се обезбеди потребниот буџет за подолгорочно планирање и реализација на мерки и акции за заштита на животната средина и природата, ќе се наметне и поголема контрола врз трошењето на парите од даночните обврзници.

Со фондот ќе бидеме во состојба посветено да работиме на реставрација на уништените предели и екосистеми, што е еден од главните механизми во борбата со климатските промени и обезбедување одржлива иднина.

Студијата и јавната кампања за воспоставување на Фонд за животна средина, е дел од проектот „Зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во донесувањето на одлуки преку застапување“, поддржан од ГЕФ ПМГ – програма за мали грантови во РСМ.

 

 

 

 

Фонд за животна средина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.