НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈП за државни патишта бележи рекорден приход: Инкасирани се 46,4 милиони евра од патарини

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Jавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми во интервју за МИА вели дека наплатната служба при ЈПДП во 2021-ва иако беше година на пандемија и ограничени можности за непречен сообраќај меѓу државите оствари рекорден приход и историски успех во 35-годишното постоење.

И покрај затворени гранични премини до втората половина на мај, посочува Рустеми, наплатната служба успеа одлично да ја организира и контролира работата и при тоа да оствари промет во 2021 година кој е за 36 проценти повеќе во споредба со 2020 година, а во однос на претходно рекордната 2019 година зголемувањето е за шест проценти.

Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10. Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, ставање во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип, како и електронски систем на наплата на постојните патарини на Коридор 8.

Според досегашниот остварен годишен промет од наплата, зголемувањето е  над 170.000.000 денари (2,8 милиони евра) повеќе од 2019 година, додека во однос на 2020 година зголемувањето е за 747.583.000 денари (или 12.155 милиони евра) повеќе остварен промет од наплата на патарина.

– Во 2019 година вкупно беше остварен приход од 2.681.866.666 (или 43,6 милиони евра), додека во 2020 година остварениот приход изнесуваше 2.092.9818.055 денари (или 34.029.562 евра). Оваа календарска година приходот е 2.853.668.980 денари (или над 46,4милиони евра). Овие суми на приходи се однесуваат само за остварен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, а над 25 проценти од вкупно наплатени возила е остварен преку електронската наплата на Коридор 10, наведува Рустеми во интервјуто, што МИА ќе го објави дополнително.

Во голема мерка да се остварат овие резултати, како што вели, придонесе и Современиот мониторинг центар, кој е направен по европските стандарди за следење и организирање на работата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.