Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле повик за помош од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима.
Како што информира МВР, на местото на настанот веднаш излегле полициски службеници од граничниот премин Стење и го пронашле возилото.
Возачот и сопатниците биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.