Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Финтек-секторот ќе донесе нови и поевтини финансиски услуги

0
By Biljana on January 8, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 8, 2022 10:53

Развојот на финтек-секторот ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата, што од своја страна ќе доведе до поголем и полесен пристап за граѓаните до нови видови финансиски услуги, но и до поевтини финасиски услуги. Народната банка презема повеќе активности за создавање околина во која ќе се развива финтек-секторот, меѓу кои и изработка на платформа за соработка со иновативната деловна заедница ‒ Порта на иновации, прва национална финтек-стратегија и соодветна регулативна рамка, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МТВ.

„Како централна банка преземаме повеќе видови активности. Пред неколку години ја отворивме Портата за иновации, платформа за комуникација помеѓу Народната банка, иновативната деловна заедница и други поврзани регулаторни органи. Целта е сите компании коишто имаат намера да воведат некои нови видови финансиски производи на домашниот пазар, да можат да пристапат на едноставен начин и да ги добијат сите потребни информации во делот на регулативата. Овој канал за комуникација не е корисен само за компаниите, туку и за нас, како централна банка, бидејќи ни овозможува да ги следиме најновите трендови во финаниската индустрија, да увудиме регулативни пречки за поттикнување на иновациите и да иницираме соодветни законски промени“, вели гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочува дека кај компаниите има голем интерес за финтек-секторот. Според анкетата којаштo ја спровела Народната банка помеѓу банките и финансиските институции, како и останатите регулаторни тела, околу 90% од испитаниците се свесни за бројните придобивки коишто ги носи дигитализацијата во финансиите, додека околу 70% од институциите веќе инвестираат во дигитализацијата и во промена на начинот на којшто функционираат финансиските услуги.

Како главни пречки за побрз развој на финтек-секторот, според испитаниците, се малиот пазар и регулативната рамка. Во делот на регулативната рамка се посочуваат три сегмента, тоа се регулативата во делот на заштитата на личните податоци, регулативата за спречување перење пари и регулативата којашто ги регулира платниот систем и платежните услуги.

„Во однос на регулативата за платниот систем, таа ќе биде опфатена со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто веќе е во завршна фаза и очекуваме дека наскоро ќе биде донесен. Веќе почнавме со работа на националната стратегија за финтек-секторот. Тој проект е поддржан од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), а работиме и заедно со останатите финансиски регулатори. Очекуваме дека во првата половина на годинава ќе биде донесена првата национална стратегија, којашто јасно ќе ги утврди подрачјата и ќе опфати мерки и активности за поддршка на финансиските иновации, што во крајна линија е од корист за сите граѓани“, вели гувернерката на Народната банка.

Ангеловска Бежовска Гувернер НБРМ НБРМ финансиски услуги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.