Дел од медиумите информираат дека земјотресот срушил една постара куќа во Генимаале во Битола.
Пред еден час бил почувствувал нов земјотрес во Битола, според информациите на ЕМСЦ .
Земјотресот бил со јачина од 2.8 степени по Рихтер, на 15 километри од Битола.
Дел од медиумите информираат дека земјотресот срушил една постара куќа во Генимаале во Битола.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денеска во 11 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав, со две точки – состојбата во Битола по вчерашните серија земјотреси и состојбата со ковид-19 во Битола.
На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителни мерки кои може да бидат преземени од штабот за заштита и спасување на Општина Битола.
Синоќа неколку земјотреси го погодија подрачјето околу македонско-грчката граница, од кои најсилниот беше 5,5 степени според Рихтер, а се почувствува во северниот дел на Грција и во регионот.