НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џамијата во Злокуќани ги зовре страстите – Општина Карпош даде 15 дена рок да се урне бесправниот објект-верниците не дозволуваат-мештаните најавуваат бунт

0
By Mirjana on January 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставници на џамијата во Злокуќани денеска не се појавиле на закажаниот состанок со инспекциската служба на општина Карпош кој бил договорен за во 9.30 часот. Во саботата (8 јануари 2022 година) инспекциска служба на Општина Карпош излегла на терен но во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија, стои во соопштението.

– Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, се наведува во соопштението од општинското одделение за контакт со јавноста на Карпош.

Џамијата била во сопственост на ИВЗ, тврдат верниците

Во меѓувреме реакција стигна и од џамискиот одбор, од каде велат дошле на средба во општина Карпош и им го доставиле имотниот лист од нивниот објект,  со што негираат дека џамијата била дивоградба а тврдат била во сопственост на ИВЗ. Демантираат дека биле вехабии кои практикувале радикален ислам.

– Нашите религиозни практики се во линија со практиките и обредите на ИВЗ, се вели во дописот до НоваТВ.

-Генерално е познато дека припаѓаме под “Ханефиски Месхеп”, за кој имаме официјална дозвола и одобрение од страна на муфтиството на ИВЗ-Скопје издадена на 06.06.2016 врз основа на член 32 од уставот на Муфтиството на ИВЗ-Скопје. Официјален документ издаден од страна на Исламска Верска Заедница врз основа на член 32 од уставот на ИВЗ во СРМ, Муфтиство на ИВЗ-Скопје, со кој што се одобрува и согласува дека џематот од н. Злокуќани во општина Карпош, можат да ги извршуваат верските обреди т.е. клањање на намази и други верски дејствија пропишани со исламските прописи, велат во дописот до НоваТВ. 

Локалното население реагира што градбата речиси ,,никнала“ преку ноќ и што немало никаква информативна табла, кој гради и што гради. Најавуваат протести и поради тоа што новодојдените за да се згреат користеле гуми и останати материјали за загревање од кои навечер буквално не се излегувало надвор и не се дишело.
Скопскиот муфтија е на службен пат, се враќа утре за кога е најавено детализирање на наводите на џамискиот одбор од Злокуќани, дека имаат дозвола и одобрение од ИВЗ за извршување на верски обреди.
(М.Т.)
КАРПОШ ИМ ДАДЕ РОК 15 ДЕНА ДА ЈА УРНАТ БЕСПРАВНАТА ГРАДБА џамија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.