Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: И покрај сè што се случи, сакам да останам и да играм на „Австралија опен“

0
By Ivana on January 10, 2022 СПОРТ
Фото: eurosport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ продолжил да тренира набргу откако денеска беше пуштен од имиграцискиот притвор во Мелбурн, што уследи по одлуката на федералниот суд да му се врати визата за влез во Австралија, изјави неговиот брат Ѓорѓе на прес-конференцијата во Белград.

– Новак е слободен и пред малку тренираше на тениски терен. Тој дојде во Австралија за да игра тенис и да се обиде уште еднаш да го освои Австралија опен“, кажа Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се огласи на Твитер за првпат откако во средата беше притворен по поништувањето на визата.

– И покрај сè што се случи, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен, Останувам фокусиран на тоа. Дојдов овдека да играм на еден од најважните настани за нас пред неверојатните фанови, напиша тој.
Сепак, конечниот збор околу (не)останувањето на најдобриот светски тенисер во Австралија го има министерот за имиграција Алекс Хок, кој располага со исклучителни овластувања и дискреција да поништува визи од кои било причини. Од неговиот кабинет кажаа дека тој ја разгледува ситуацијата, но одлуката за евентуалната депортација нема да биде донесена денеска.

– Ова е најголемата победа во неговата кариера, ова е поголемо од кој било гренд слем. Тој не сторил ништо погрешно, не прекршил ниеден закон, тој беше предмет на вознемирување. Се бореше против системот и владата зашто имаше право да биде таму“, изјави мајката на Ѓоковиќ, Дијана.

Родителите на Ѓоковиќ кажаа дека нивниот син бил мачен.

– На Новак му беа одземени човекови права. Не му беше дозволено да контактира со пријатели, неговиот тим, дури и со адвокатите“, кажа таткото на Ѓоковиќ, Срѓан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.