НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна уништувањето на свињи во Делчевско за да се спречи ширењето на свинска чума

0
By НОВА ТВ Balaban on January 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По првичното констатирање на вирусот кај единки во одгледувалиште во делчевското село Драмче, како што истакна Бабовски, спроведена е акција за депопулација на домашните свињи во радиус од три километри од првичното жариште, за што сопствениците ќе добијат финансиско обештетување.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, денеска имаше работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Единствена точка беше појавата на африканска авинска чума на подрачјето на Општина Делчево и мерките кои се преземаат за нејзино сузбивање.

По првичното констатирање на вирусот кај единки во одгледувалиште во делчевското село Драмче, како што истакна Бабовски, спроведена е акција за депопулација на домашните свињи во радиус од три километри од првичното жариште, за што сопствениците ќе добијат финансиско обештетување.

–Тоа нема да биде на нивна штета и нема да има финансиски негативен ефект врз ,,држателите” на овие животни. Во останатата надзорна зона, која се протега во радиус од 10 километри исто така ќе се изврши депопулација. Кај оние свињи кај кои ќе се дијагностицира дека се во добра здравствена состојба и дека кај нив не е присутен вирусот, од секоја една свиња ќе се земе примерок за испитување, ќе одат на економско искористување во кланиците, каде што на сопствениците ќе им биде надоместено, исто така финансиски се она што претставува пазарна вредност на овие животни, рече Бабовски.

Според него, целта на мерките што ги презема АХВ деновиве преку активирање на Националниот центар за контрола на болести заедно со сите институции и локалната самоуправа, е државата што побрзо да си го поврати статусот на земја слободна од африканска свинска чума.

-Досега се боревме и ја заштитивме државата од влијанијата од соседните држави, каде веќе беше констатирана оваа болест која е доста контагиозна, завршува со летален исход по свињите и претставува голема економска штета која може да се јави во свињарството. Заради тоа уште од првиот ден, 6 јануари 2022, имаме комплетна мобилност на Агенцијата, на локалната самоуправа и на сите членки во Националниот центар за контрола на болести, додаде директорот.

Во изминатите пет дена, како што додаде градоначалникот Трајковски, се мобилизираше и Општината. Во координација со АХВ и Кризниот штаб секојдневно се одржуваат координативни состаноци. Тој апелираше на зголемена свест на сите засегнати – да се почитуваат мерките утврдени со цел спречување на натамошно ширење на болеста.

– Иако ова жариште, за жал, е на територија на нашата општина, да придонесеме сите да не се рашири на територијата на други општини и цела држава, зашто би имале многу поголеми финансиски импликации и како држава и како луѓе. Како локална самоуправа ќе работиме на подигање на свеста на фармерие, рече Трајковски.

Тој најави дека заедно со Јавното комунално претпријатие, МВР и сите останати, Општината во координација со АХВ, ќе продолжи да ги презема сите потребни активности за болеста да се стави под контрола.

делчевско почна свињи уништувањето
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.