НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петиција: Жените Ромки го дадоа својот потпис за гинеколог во Шуто Оризари

0
By Менче Атанасова Точи on June 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Под мотото „8000 жени Ромки-0 гинеколог“, синоќа жените во Шуто Оризари масовно се потпишуваа на петицијата со која се бара во оваа населба конечно да проработи гинеколошката амбуланта.

-Жените во Шуто Оризари немаат каде да се лекуваат бидејќи немаат можност да плаќаат кај лекари кои ги наплатуваат прегледите приватно. Се надеваме дека во иднина ќе се најде решение за овој проблем, изјави Метие Асан, активистка која помогна во собирање на потписите.

Преку иницијативата „Мониторинг од заедницата 12 жени Ромки“, пред две-три недели започна иницијатива за собирање на потписи за отварање на гинеколошка амбуланта во Шуто Оризари, а петицијата ќе биде доставена до Министерството за здравство.

-Заради не можноста да одат на гинеколог жените се соочуваат со инфекции и здравствени проблеми, а нема можност да се открие навреме и бременоста, вели Сабина Љатифи, претставничка од студентите Роми на медицина и стоматологија.

Во невладиниот сектор дека веќе има позитивни сигнали, како од општината така и од Министерството за здравство за да се реши проблемот.

-Ние деновиве имавме средба со претставници од општината при што повторно ни е ветено финансиска подршка доколку се најде гинеколог кој ќе саката да работи во поликлиниката во Шуто Оризари, изјави Игор Јадровски правен советник во невладината ХЕРА.

Шуто Оризари е најголема општина државата, со над 22 000 жители. Се проценува дека во населбата живеат повеќе од 13 000 жени во репродуктивен период , од кои најголемиот дел примаат социјална помош, живеат во суспстандардни услови и не се здравствено осигурани. Жените се оставени без гинеколог од 2007 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.