НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите бараат Владата да ја одложи школската година за две недели: Имаме над 16.000 активни на ковид, најмногу во Скопје

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во ЛДП, партијата која денеска излезе со предлог во новата Комисија за заразни болести да влезат и професорите д-р Никола Пановски и д- р Драган Даниловски во изјава за Нова ТВ велат дека ќе побараат на денешната владина седница одложување на второто полугодие и тоа како што предлагаат експертите, за околу две недели, не само поради пандемијата од ковид-19, туку и поради енергетската криза.

Комисијата за заразни болести треба да `и препорача на Владата да ја одложи школската година барем за две недели, додека трае пикот од новозаразени од коронавирусот, порачува д-р Аспазија Софијанова, претседателка на Здружението на педијатри во изјава за Нова ТВ.

Вакви апели до надлежните испраќаат и родителите преку групата за онлајн настава, која брои околу 15. 000 членови.

Во Министерствот за образование за Нова ТВ велат дека сè уште чекаат на одлуката на Комисијата за заразни боолести, но дека најверојатно училиштата ќе бидат отворени во четврток, веднаш по празникот Водици и нема да се продолжи зимскиот распуст.

Професорот –д-р. Александар Петличковски, директор на институтот за имунобиологија и хумана генетика деновиве препорача учениците да ја продолжат школската година дури за две недели кога бранот на заболени од ковид-19 ќе почне да се намалува, а на овој начин ќе се оневозможат нови услови за негово ширење.

Претходно и микробиологот Никола Пановски советуваше зимскиот распуст да се продолжи за уште две недели, а кога наставата ќе почне со физичко присуство децата да ги симнат маските.

Според Пановски, школската година треба да се одложи додека не заврши пикот од последниот бран на заразени затоа што и вакцинираните го пренесуваат вирусот.

ЛИБЕРАЛДЕМОКРАТИТЕ ЌЕ БАРААТ ДА СЕ ОДЛОЖИ ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ 

Во ЛДП, партијата која денеска излезе со предлог во новата комисија за заразни болести да влезат и професорите д-р Никола Пановски и д- р Драган Даниловски во изјава за Нова ТВ велат дека ќе побараат на денешната владина седница одложување на стартот на школската година и тоа како што предлагаат експертите, за околу две недели не само поради пандемијата од ковид-19, туку и поради  енергетската криза. Во ЛДП сметаат дека треба да се земе предвид мислењето на експертите и препорачуваат наставата да се надокнати в лето кога ќе стивне заразата од коронависрусот.

Инаку, од почетокот на јануари 2022 година до вчера, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент.

Во претходното деноноќие беа регистрирани 1.348 нови случаи на ковид-19 од направени 6.141 тестови или 21,9 проценти. Од вкупниот број на позитивни 1.348, регистрирани се 145 реинфекции.

За претходните 24 часа беа пријавени осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информираше вчера Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132, од кои пола се во Скопје.

СРПСКИТЕ ПЕДИЈАТРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – ОМИКРОНОТ СЕ ШИРИ БРЗО И КАЈ ДЕЦАТА

Во соседна Србија, Здружението на педијатри исто така побара да се одложи враќањето на учениците во училишните клупи или наставата да се организира онлајн.

– Со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во нашата земја и карактеристиките на сојот омикрон, кој се шири многу побрзо и во поголема мера од претходните соеви ги зафаќа и децата, Здружението на педијатри на Србија препорачува да се одложи наставата на класичен начин или да се организира онлајн настава, велат во тамошното Здружение на педијатри.

Од Здружението на педијатри потсетуваат дека опфатот со вакцинација на оние групи во кои е одобрена и препорачана вакцината (деца постари од 12 години) е само симболична, а вакцината за деца до 12 години  уште не е регистрирана во Србија, па се смета дека учениците моментално се најранливата група.

– Децата помлади од 12 години не се вакцинирани, а сојот омикрон кај оваа популација се шири исто толку брзо како и кај возрасните. Во овие околности – одлуката да им се наметне и обврската да одат во колектив и да посетуваат настава во класичен начин претставува голема опасност од заразување со ковид, грип или обем на инфекции на оваа чувствителна популација. Според Здружението на педијатри на Србија, ваквата одлука е медицински проблематична, велат педијатрите на Србија.

Тие предлагаат да се одложи за следните две недели наставата  додека не се добие подобар увид во текот на двете актуелни епидемии.

Стојанка Митреска

 

Влада Зимски распуст школска година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.