Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сали: Ќе продолжам таму каде што застанале моите претходници

0
By Biljana on January 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 17, 2022 14:27

„Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство на Република Северна Македонија, особено во период во кој
се соочуваме со најзголемиот предизвик – пандемијата и нејзините последици“, рече по денешното примопредавање на функцијата министерот за здравство Беким Сали.

Тој вели оти, соочен со предизвиците, ќе продолжел таму каде што застанале неговите претходници, уважувајќи ја нивната работа, но и детектирајќи го она што допрва треба да биде адресирано.

„Ќе сторам се што е во моја моќ здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со оние со коишто допрва би се соочувале. Создавањето силен здравствен систем за мене претставува добро и сеопфатно дефинирање на проблемите и системските недоследности и координиран и навремен пристап околу решенијата“, вели Сали.

Како приоритети ги истакнува превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги, зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите во здравствениот систем, координација во унапредувањето и спроведувањето на политиките на работа, подобрување на статусот и условите во коишто функционираат здравствените работници и медицинскиот персонал.

„Во сево ова клучна е координацијата и соработката на сите нивоа и со сите релевантни чинители. Работејќи заедно ќе си помогнеме и себеси и на граѓаните. Во ниту еден момент не смееме да заборавиме дека зад секоја статистика се наоѓаат граѓаните, коишто се најдиректно засегнати од она што се случува во здравството. Мојата работа ќе ја вршам максимално транспарентно, одговорно и со отворен пристап во комуникацијата со јавноста“, рече новиот министер за здравство, Беким Сали.

Беким Сали Министерство за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.