Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НВО Инфо центар: Анализа на популизмот на Груевски

0
By Нова ТВ on June 26, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 26, 2014 14:20

НВО Инфоцентарот спроведува мониторинг на односите со јавноста на Владата и на владините претставници со цел да утврди дали извршната власт вистинито и навремено ја информира јавноста за спроведувањето на јавните политики, за своите активности, за постигнатите резултати, за постојните проблеми, како и да утврди какви пораки упатува Владата до македонските граѓани.

Третиот извештај насловен како „Кој е народот на Груевски?“ претставува дискурзивна анализа на популизмот во говорите и јавните настапи на премиерот и првиот човек на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Анализата на шест јавни настапи на премиерот Груевски, во 2013 и 2014 година, недвосмислено покажува дека главното прашање не е дали неговите говори се популистички, туку кои елементи на популизам и популистичка реторика најчесто ги користи и за кои цели.

Популистичка реторика

Како што беше и за очекување од политичар кој важи за поборник на патриотската кауза, најчесто употребуван збор во анализираните говори е името на државата – „Македонија“ (102 пати). Веднаш потоа следи терминот „народот“ (48 пати), чиј процент на застапеност е уште поголем доколку ја пресметаме и употребата на нечленуваната форма – „народ“. Натаму, имајќи предвид дека Груевски во своите говори термините „граѓани(те)“ и „луѓе(то)“ честопати ги користи како синоними за „народ“, реферирањето на овој означувач е уште поизразено.

На трето место според зачестеноста на употребата е „СДСМ“ (48 пати), што повторно е за очекување за говори кои се сметаат за популистички, и во кои манихејската космологија и оцрнувањето на противничката елита се главни карактеристики. Освен СДСМ, Груевски ги спомнува и лидерите на опозицијата (Заев и, особено, Црвенковски) илустрирајќи ги во исклучително негативен контекст. Следува придавката „нови“ (45 пати), а доколку ги изброиме (членуваните) форми според род и број, тогаш овој збор е трет по употреба, веднаш зад „народ(от)“. Од останатите термини интересни за нашата анализа, високо котираат и „државата“, „работа“, „проекти“ и „доверба“.

Олтарот на „народот“

Кога настапува како толкувач на травматични / конфликтни настани (како, на пример, случувањата од 24 декември 2012 година и извештајот на Анкетната комисија) во својство на партиски лидер или народен трибун, говорите на Груевски ги содржат сите елементи на популистичка мобилизација. Притоа, во овие говори доминира употребата на термините „народ“ и „СДСМ“, кои одат рака под рака, затоа што нема „народ“ без „непријател на народот“, односно непријателот е најважниот заеднички содржател кој претставува сврзно ткиво на популистичкиот дискурс.

Народот кај Груевски не е јасен термин, туку збор кој треба да мобилизира, да понуди идентификација преку будење на емоциите кај публиката. Притоа, мобилизацијата не е базирана на рационални аргументи, туку на теми кои се морализаторски (и блиски до „народот“), длабоко емотивни и преполни со фантазми. За Груевски народот е мнозинството кое му ја дало довербата на изборите и за него тој е финална инстанца за секаков морален, правен или политички суд.

На ваков начин, Груевски ја „пресретнува“ можноста да се промени значењето на настаните, на пример, случувањата на 24 декември, и со тоа не дозволува да се доведат под прашање односите на моќ и целата општествена стварност во која постои силен култ за неговата непогрешливост, непобедливост и бескомпромисност.

Народот е персонифициран, сфатен како органска целина – тој „знае“, „дава доверба“, „верува“, „не греши“, има „глас“ и „волја“ и „тешко и заслужено дава доверба“. „Народот е нашата сила“, а Владата и тимот се тие кои нудат „можности“ и „корист“ за него, „ја почитуваат неговата волја“ и го „слушаат гласот на народот“. Противниците, односно „дезориентираната“ и „крајно деструктивна“ елита го „прелажува“, „манипулира“, „изневерува“ народот, „прави договори врз грбот на народот“, „опонира на делата“ кои на народот му даваат можности, и сето тоа го прави „водена од лични интереси“.

Во популистичките режими, „демократијата“ го нема значењето како во зрелите либерално демократски системи. Во нив е сосема разбирливо „народот“ да одлучува за правни квалификации, за тоа кој во определен спор има право, а кој греши. Нема преголема жртва пред олтарот на „народот“, па макар таа да се викала владеење на правото или заштита на човековите права.

Од друга страна, кога Груевски настапува во својство на премиер, како, на пример, во свечени пригоди, начинот на кој се обраќа до публиката е (навидум) поадминистративен, обединителски, а јазикот му е појасен. Во овие говори „народот“ им отстапува место на „граѓаните“ и на „новото“. Сепак, доколку одблизу се анализира кои се всушност „граѓаните“ на кои им се обраќа Груевски, станува јасно дека тој воопшто не мисли на сите граѓани. Тој најчесто им се обраќа само на дел од етничките Македонци, додека во неговите говори нема место за некаков поширок плурализам, односно за други различни општествени идентитети, како, на пример, ЛГБТ, опозиционери, либерали, активисти, независни новинари, критичари и др.

СДСМ – „непријател на народот“

Поради претставувањето на „народот“ како навидум хомогена и крајна инстанца во политиката и општеството, во популизмот секаков плурализам е претставен како закана и затоа мора да биде реинтерпретиран за да влезе во популистичката рамка. Поради тоа, популистичкиот дискурс честопати е силно обоен со теории на заговор и конспиративно размислување.

Груевски често употребува жаргон кога го опишува СДСМ, очигледно сакајќи политичката борба да ја приближи до обичните граѓани. Така, за СДСМ се карактеристични „лов во матно“, „изгубеност во времето и просторот“, а на раководството на оваа партија му забележува дека „бегаат од избори како ѓавол од темјан“. И покрај кадровските промени во опозициската партија, видливи се обидите да се портретира континуитет во политиката на СДСМ, па оттука новото раководство е отсликано како „бранкова гарнитура“. Особено изразен жаргонски говор Груевски користи кога го спомнува Бранко Црвенковски.

Критикувајќи го Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател на државата на претседателските избори во 2014 година, Груевски тврди дека Бранко Црвенковски му бил „ментор, шеф, гуру и идол“. А „шефот“, односно Бранко Црвенковски, во говорите на Груевски е портретиран како „манипулант“, „сплеткарош“, „интригант“, кој не бил претседател на Македонија, туку „ја узурпирал таа функција“.

„Ново“, а старо

Најинтересен резултат од анализата на содржината на шесте говори е високата фреквенција на употребата на придавките „нов(иот)“, „нова(та)“, „ново(то)“ и „нови(те)“. Употребата на „новото“ во реториката на Груевски е дел од осмислена популистичка политичка стратегија, која има за цел политичкиот простор во Македонија да го портретира како поле на борба меѓу „новите“ (добрите, вредните, народните, обичните, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ) и „старите“ (лошите, мрзеливите, елитистичките, себичните, Бранко Црвенковски и СДСМ) политички сили.

Благодарение на медиумската поддршка и внимателно создадената комуникациска стратегија, во 2006 година Груевски стана симбол за „нов и модерен политичар-технократ“ од кој се очекуваше да расчисти со „старото“. Со други зборови, доколку повиците за „нешто ново“ го симболизирале барањето за промена на системот, Груевски успеа овој лебдечки означувач да го присвои и реинтерпретира во своја полза. Со текот на времето, задачата на стратезите да го претставуваат Груевски како нешто „ново“ станува „ѓаволски“ тешка работа. Од говорите на премиерот е очигледно дека „новите лица“ веќе не му се доволни на народот, па тој сега од лидерот бара и „нови проекти“, и „нови фабрики“, и „нови можности“, и „нови вработувања“, и „нови покачувања на социјалната помош“, и „нови зголемувања на…“, и „нови машини“, и „нови патишта“, и…

На крајот, треба да се спомне и тоа дека во наративот на премиерот нема место за синтагми како „нови слободи“, „нови права“, „нови демократски алатки на располагање на граѓаните“. Во прилог на ова говори и фактот дека во шесте анализирани говори на Груевски, демократијата не е спомната ниту еднаш.

Целата анализа чиј автор е м-р Љупчо Петковски, може да ја најдете на интернет-страницата на НВО Инфоцентарот: www.nvoinfocentar.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.