Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече дека со набавката ќе ги унапреди капацитетите на израелската морнарица и ќе придонесе за безбеносна супериорност на Израел во регионот.
– Израел потпиша договор за купување на три најсовремени подморници од германскиот произведувач Тисекруп , во вредност од три милијарди евра.
Како што соопшти израелското министерство за одбрана, подморниците на дизел и на електричен погон од класата Дакар би требало да му се испорачаат на Израел во наредните 9 години, пренесува Асошиејтед Прес.