Жан-Клод Јункер беше избран денес за претседател на Европската комисија од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ, објави претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпеј на својата Твитер страна.
“Одлуката е донесена. Советот на ЕУ го предлага Жан-Клод Јункер за иден претседател на Европската комисија”, напиша Ван Ромпеј.
Номинацијата на Јункер доби 26 гласа “за” и два “против” (Велика Британија и Унгарија). Именувањето треба да го потврди Европскиот парламент во јули и, освен големо изненадување, Јункер треба да добие 376 гласа од вкупно 751 колку што има пратеници во Парламентот.
Јункер беше избран и покрај противењето на Лондон: “Им реков на европските лидери дека за ова можеби ќе жалат цел живот”, напиша Камерон, британскиот премиер на Твитер.
Јункер има 59 години и е федералист, бил премиер на Луксембург и претседател на Еврогрупата.