Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Меѓународниот форум за заштита на бегалците

0
By Mirjana on January 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 26, 2022 10:33

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо.

Задоволство ми е да ве поздравам на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо.

Оваа конференција е силен пример за многу потребниот мултилатерализам и меѓународна соработка. Конфликтите, тероризмот, пандемијата, социо-економската и финансиската нестабилност и натаму ги нарушуваат начините на живот ширум светот. Тие продолжуваат да ги загрозуваат човековите права и слободи, предизвикувајќи хуманитарни катастрофи од големи размери и невиден број бегалци – лица на кои им е потребна заштита додека бегаат од прогон поради нивната раса, религија, националност, членство во одредена општествена група или политичко мислење.

Државите ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци.

Како потписничка на Конвенцијата од 1951 година и преку својата долгогодишна соработка со УНХЦР, Северна Македонија покажа солидарност со бегалците од многу конфликти во поновата историја. Од војните низ поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век до стотици илјади што ја поминаа земјата во 2015 и 2016 година – без престан работевме за да им обезбедиме заштита на тие луѓе и да останеме цврст поддржувач на споделената одговорност на глобално ниво.

По падот на Кабул неодамна, водени од чувството на морална обврска и солидарност, потврдувајќи ги нашите меѓународни обврски и во согласност со нашата традиција, веднаш ја огласивме нашата подготвеност да прифатиме авганистански бегалци.

Почитувани учесници,

Ковид-19 ги предизвика нашите начини на живеење на многу нивоа, а во исто време не турна кон преиспитување на нашите ставови за различни аспекти од животот. Сепак, во никој случај не треба да дозволиме пандемијата да послужи како оправдување за недостатокот на солидарност.

Низ овие години на големи предизвици, потребно ќе ни биде сè посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Во оваа смисла, од суштинско значење ќе биде, истакнати експерти и академици, како и практичари со големо искуство во областа, да ни дадат препораки за тоа што државите, граѓанското општество, приватниот сектор и сите луѓе со добра волја можат да направат заедно на полето на заштитата на бегалците со цел да се прошират можностите за подавање рака на оние на кои им е потребна во деновите кога владее безредие.

Драги пријатели,

Дозволете ми да упатам поздрав до сите вас, да ви посакувам добро здравје и продуктивни дебати на главната тема на конференцијата. Навистина се надевам дека следниот пат ќе се видиме лично.

бегалци НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.