НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва во Куманово се одржа свечена Светосавска академија во чест на националниот празник на Србите, Денот на Свети Сава

0
By Mirjana on January 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Српската заедница во земјава, ги почна активностите во рамки на одбележувањето на националниот празник на Србите, Денот на Свети Сава кој е на 27 јануари.
По тој повод, вечерва во Занаетчиски дом Куманово, се одржа свечена Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација, на која присуствуваа еминентни личности од јавниот и од политичкиот живот како и од дипломатскиот кор во земјава, како амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ, почесниот конзул на Србија кај нас Владимир Стајиќ и други.
На свеченоста свое обраќање имаше амбасадорката Јовановиќ која покрај за суштината на празникот говореше и за силните врски и мостови што ги градат меѓу двете држави, претставниците на српската заедница во Македонија и македонската во Србија.
Се обрати и претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ, кој и овој пат истакна дека Свети Сава е симбол на српското создавање низ вековите, корен на животот, чувство за времето, историјата и судбината на српскиот народ.Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски кој го честита овој голем празник и информираше дека се работи на отворање на конзулат на Република Србија во Македонија и тоа во Куманово и дека нема поблиски народи на овие простори од српскиот и македонскиот.
-Оваа прилика сакам пред сите вас да соопштам дека веќе работиме на отворање и со новиот почесен конзул на Република Србија во Македонија на конзулат во Куманово којшто ќе има задача да ги унапредува тие наши братски односи“, рече Димитриевски посебно акцентирајќи ја суштината на Куманово пред се како Македонија во мало поради што му било голема чест да присуствува на оваа свечана академија во името на човекот кој на овие простори го ширел христијанството и се залагал за мир, заемно почитување, вреднување и соживот.
Настанот го организира Српската заедница во Република Северна Македонија, регионален одбор-Куманово а истиот имаше и богата културно-уметничка програма.
Куманово СВЕЧЕНА СВЕТОСАВСКА АКАДЕМИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.