Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блескава кариера, несреќен живот

0
By Нова ТВ on July 1, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 1, 2014 17:03

Автор: Михаил Мице Бошковски

Далида е натурализирана французинка, родена од родители италијани во Каиро на 17 јануари во 1933 г. Музикалноста ја наследила од нејзиниот татко, кој бил професионален виолинист и член во оркестарот на Каирската Опера.

Вистинското име и е Јоланда Кристина Гиљоти. Уште од млади години таа се одликува со голема упорност свесна за својата природна убавина и талент, а понесена од младешкиот занес се гледа себеси како сјајна ѕвезда на филмското небо. Нејзините „слатки“ сништа почнуваат да се остваруваат кога во 1954 година е избрана за „Мис на Египет“.

Цврсто решена да биде филмска ѕвезда се населува во Париз. Но, наместо актерка, станува пејачка. Се пријавува на натпреварот за млади таленти кој се одржува во прочуениот париски концертен подиум „Олимпија“.

Таму ја забележуваат тројцата битни личности за нејзината понатамошна кариера: Бруно Кокатри – шефот на куќата, Еди Баркли – продуцент и Лисиен Морис – директор на „Радио Европа 1“. Од тој момент успесите на Далида се нижат како на филмска лента. Но, на личен план не и оди се така успешно.

Во 1961 г. се мажи за Лисиен Морис, човекот што и го откри талентот и пет години беше нејзин ментор. Бракот траеше само неколку месеци, бидејки Далида се вљубува во полскиот уметник Жан Собјетски. Настанува период на тотален хаос во нејзиниот живот. Весниците веќе не и се безрезервно наклонети, напротив тие застануваат на страната на Морис.

Тиражите на плочите нагло паѓаат и таа на секој чекор го чувствува презирот на, до вчера, нејзините верни обожаватели. Морис после девет години извршува самоубиство. На Далида не и останува ништо друго, освен да се обиде да ја врати самодовербата и повторно да ги освои симпатиите на публиката. Тоа го прави неколку месеци по разводот, со концерт во „Олимпија“, со голема доза на страв од неуспех. Добро подготвената Далида триумфално го завршува концертот.

Но тука не престануваат нејзините љубовни трагедии. Врската со Собјетски трае две години, во меѓувреме Далида бележи нови успеси. Во 1964 година добива платинеста плоча за 10 милиони продадени плочи. Таа е првата жена во Европа што добива вакво признание.

Две години подоцна во Италија, на фестивалот „Канцонисима“ го слави својот 10-годишен јубилеј, а нејзините хитови „Le Dance De Zorba“, „Bang Bang“, „Il Silenzio“, се меѓу најпродаваните.

Следната љубовна романса Далида ја има со пет години помладиот италијански кант-автор Луиџи Тенко. Ке настапат со иста песна на „Сан Ремо `67“ – „Ciao Amore Ciao“. По полуфиналната вечер жирито одлучува песната да не влезе во финалето! Разочаран од оваа одлука, Тенко извршува самоубиство со револвер во хотелската соба. Мртвото тело го пронаоѓа Далида. Разочарувањето е големо, тие требаше по неколку месеци љубовта да ја крунисаат со брак. Далида тешко го поднесува сето тоа, па по еден месец одлучува и таа да се самоубие испивајќи поголема доза на средства за спиење. За среќа, на време е откриена и по петдневна кома се враќа во живот.

Третата трагична судбина ја има со контраверзниот Ришар Шамфре, самонаречен Гроф од Сен Жермен. И тој ја доживува истата судбина, неколку години по разделбата извршува самоубиство. На крајот и самата ја плаќа цената на славата. Ноќта помеѓу 2-3 мај 1987 г. најдена е предозирана од медикаменти со порака „животот ми стана неподнослив – простете ми“.

Далида е погребана на гробоштата на брдото Монмартр, каде што имаше огромна куќа. Во близината на куќата, градските власти именуваа плоштад и поставија биста во природна големина со нејзиниот лик.

И покрај трагичната лична судбина, кариерата на Далида може да се оцени како повеќе од успешна. Во текот на 30-годишната кариера продаде повеќе од 100 милиони плочи, доби 55 златни плочи, една платинеста и дијамантска, специјално изработена за неа, медал на градот Париз, лично од Шарл Де Гол прими Медал на Претседателот на Републиката (1968) и многу други награди и признанија. Испеа низа нови песни, но најчесто снимаше веќе чуени хитови кои во нејзина интерпретација добиваа нова димензија.

Како незаборавна ќе остане „Gigi L’Amoroso“ – „Џиџи љубовџијата“ (1974), која беше на прво место во 12 земји, а и кај нас, посебно во тогаш елитната дискотека „Мусандра“, долго време беше најслушана песна. Оваа песна е поврзана и со изборот на Франсоа Митеран за претседател на Франција. Неговите противници го нарекоа „Mimi L’Amoroso“, алудирајќи на неговото пријателство со популарната пејачка, но факт е дека кога во 1981 година стана претседател на Франција, Далида активно учествуваше во чинот на инаугурацијата.

Што се однесува до нејзината „прва љубов“ – филмот, оствари барем десетина главни улоги, но со ниеден не ја достига славата како пејачка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.