НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски од Белград: Иницијативата „Отворен Балкан“ економски го унапредува целиот регион

0
By Biljana on January 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“ се видливи, а тоа што е потпишано веќе се спроведува, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Николовски кој заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Република Српска, го посетија царинскиот терминал „Делизе“ во Белград, Република Србија, истакна дека нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи се на српскиот пазар.

„Драго ми е што вака работно на терен, заедно со колегите од регионот, имаме прилика да видиме практично како функционира иницијативата „Отворен Балкан“, којашто ја одбележа оваа година и којашто ги дава резултатите. Особено ми е драго што огромни конзорциуми и компании, потврдуват дека навистина се скратени времето на чекање и процедурите. Се уверивме дека она што е потпишано веќе е спроведено. Нема задржување повеќе на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури. Особено е важно што направивме поголем чекор а тоа е меѓусебното признавање на сертификатите и не се земаат повторно мостри и не се прават повторно анализи, а тоа е особено добро за бизнис климата на целиот регион“ изјави министерот Николовски.

Тој посочи дека за македонските компании е особено важно, што земјоделските производи нема да се расипуваат бидејќи нема да се чека на границите. Со овие забрзани процедури трите земји потписнички на иницијативата „Отворен Балкан“, ќе си помогнат најмногу, особено заради тоашто вкупната трговска размена е околу 300 милиони евра само во делот на земјоделските производи.

Министерот Николовски потенцираше дека за Северна Македонија, Србија и Албанија од особено значење ќе биде и другите земји од регионот да се приклучат кон иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи овие иницијативи го движат и економски го унапредуваат целиот регион.

Инаку денешната посета на министерот Николовски на царинскиот терминал во Белград е во рамки на одржувањето на саемот „Агро Белград“, кадешто министерот Николовски ќе го посети и македонскиот штанд. Се работи за специјализиран саемско-конференциски настан посветен на овоштарството, лозарството и градинарството.

Агро Белград за Отворен Балкан Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.