НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) СЕДНИЦА НА СБ: Состојбата во РСМ е стабилна без индиции за загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет – наша војска нема да видите во борбени дејствија во Украина 

0
By Mirjana on February 1, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои би укажале дека би довеле до загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски по 14-тата седница на Советот за Безбедност на која седница за прв пат како нови членови присуствуваа  премиерот Димитар Ковачевски и Министерката за одбрана Славјанка  Петровска.

– Ако било што доведе до поинаква состојба, институциите се целосно подготвени да реагираат, прецизира Пендаровски.

Што се однесува до состојбата во Западен Балкан, во контекст на тензиите во Босна и Херцеговина, Советот оценил дека тие се намалени и како резултат на активностите на Меѓународната заедница која предност дава на дијалогот, изјави Пендаровски.

На седницата станало збор и за состојбата на Украинско – Руската граница.

– На седницата се дискутираше и за тензиите во поширокиот регион, поточно на украинско-руската граница. Имајќи предвид дека станува збор за две држави кои граничат со таканаречената евроатлантска зона на одговорност, Северна Македонија како членка на НАТО беше должна да ги направи, и ги направи, сите неопходни подготовки, повторувам, подготовки, за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвива текот на настаните во наредниот период во тој дел од светот. Ги поздравуваме дипломатските напори кои се одвиваат на различни нивоа,  кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница со кои им се дава шанса на дијалогот и на преговорите, а не на оружјето и на воинствената реторика. Во тој дел од светот има мали, засега симболични знаци за деескалација на реториката во изминативе неколку денови, но сѐ уште е рано за прогнозирање како ќе се одвиваат настаните понатаму, затоа што во моментов тој дел од светот сеуште останува потенцијално високо ризична зона, изјави Пендаровски. 

На прашањето на  НоваТВ околу можноста за испраќање македонски војници под знамето на НАТО или под знамето на друга сојузна команда во воена или во мировна мисија во Украина, шефот на државата го даде следното објаснување :

– Трупи на НАТО вклучително и наша војска нема да видите во борбени дејствија на Украинска територија во случај  таму тензиите да дојдат до отворен конфликт. Тоа е нашиот став. Но зошто го правиме ова досега. Има една фраза во НАТО која се вика генерирање на сили. Секоја сериозна организација и која има силна милитарна компонента во себе,а НАТО е тоа, во случај на кризи на своите граници кои можат да ескалираат во нешто посериозно, е должна да разработи неколку сценарија. И во тој контекст  тие  викаат во случај на ваков конфликт што вие ќе понудите како членка на НАТО и само во таа смисла  се зборува за подготвеност и за кревање на нивото на мобилност на армиите но не да се учествува со борбени трупи на територија на држава која не е членка на НАТО. Само и само ако се случи напад на некоја членка од Балтикот наваму, во тој случај може да дојде и да разговараме за такви ситуации кога ќе дојде збор за активирање на членот 5 од Вашингтонскиот договор, рече меѓу другото  Пендаровски.

(М.Т)

 

РСМ НЕМА ДА ИСПРАТИ СВОИ ТРУПИ ВО УКРАИНА СБ СОСТОЈБАТА СТАБИЛНА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.