НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скрининг со брзи тестови на 20.000 ученици, физичкото присуство е за најмалку да наштетиме на физичкиот развој, вели проф. д-р Петличковски

0
By НОВА ТВ Balaban on February 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
FOTO Alsat TV
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со инсистирање на физичко присуство сакаме најмалку да наштетиме на физичкиот развој на учениците – додаде Петличковски

Се размислува во училиштата да се прави скрининг со брзи тестови, не се многу – имаме  на располагање 20.000 тестови, на ученици по случаен избор за да ја видиме затапеноста на вирусот кај овие старосни групи, најави денеска новиот претседател на Комисијата за заштита на насeлението од заразни болести, д-р Александар Петличковски.

Тој појасни зошто предложиле наставата да се одвива со физичко присуство.

– Гледаме сега дека кај лицата од 8 до 12 години има ниска инциденца и затоа предложивме настава со физичко присуство и затоа инсистираме на  примена на строгите протоколи во училиштата: проветрување, носење маски, изолација на симптоматските случаи. Со инсистирање на физичко присуство сакаме најмалку да наштетиме на физичкиот развој на учениците – додаде д-р Петличковски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Петличковски рече дека брзите тестови имаат помала специфичност за детектирање на омикронот, отколку на делта сојот. Таа специфичност, како што рече, се движи некаде над 50 отсто и ќе бидат некако употребливи.

Петличковски потсети дека и со протоколите во моментов не се оди на изолирање на целото училиште, туку во изолација се ставаат оние кои се во непосредна близина на ученикот или студентот кој излегол позитивен.

– Тие одат во изолација, дури доколку немаат симптоми, и тестирање не се предлага. Се тестираат со PCR-тест само симптоматските пациенти.

(Љ.Б.)

 

физичкото присуство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.