Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар и Лајчак во Косово: Нема да наметнуваме модел на спогодба со Србија

0
By Sashko on February 2, 2022 РЕГИОН
Фото: albswiss.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 2, 2022 11:43

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и посредникот на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на крајот на тридневна посета на Косово изјавија дека намерата не им е да наметнуваат некаков модел на договор за решавање на споровите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничка прес-конференција пред нивното заминување за Србија, Ескобар и Лајчак порачаа дека САД и ЕУ „не се дел од дијалогот и преговорите“, но очекуваат од Приштина и Белград да го спроведат договореното.

Ние не сме дел од дијалогот и преговорите. Меѓутоа, како што рече господинот Лајчак, ние веруваме дека договорите кои се постигнати во минатото треба да се спроведат. Сепак, ние не сме дојдени со некаков опис или предлог на решение кое би сакале да го наметнеме. Фактички, бараме од двете страни да покажат конструктивност, да ни ја кажат нивната визија каква треба да биде Заедницата (на општини со мнозинско српско население во Косово) и да се продолжат преговорите таму каде што се застанати, изјави Ескобар.

Тој нагласи дека САД очекуваат Западен Балкан да се приклучи на ЕУ, а од Косово се бара да го спроведе она за што се согласило во претходните договори и да изнајде модел за формирање на Заедницата, без да се повреди суверенитот на државата.

Не значи дека тоа треба да бидат модели кои наштетуваат на суверенитетот на Косово. Треба да се изнајдат модели и тие да се имплементираат. Намерата не ни е да наметнуваме нешто. Ние веруваме дека сите земји на Западен Балкан треба да се признаат меѓу себе и да се приклучат на Европската унија, рече Ескобар, повторувајќи дека „САД силно ги поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Косово.

Претставникот на ЕУ, Лајчак, нагласи дека „Косово е рамноправна страна во дијалогот“ и дека не му се бара на своја територија да формира „нова Република Српска“.

Заедницата е постојано тема на дијалогот. Косово е рамноправна страна во дијалогот и на Косово ништо не може да му се наметне. Никој не сака нова „Република Српска“ во Косово. Но вие имате преземено обврска и не треба да се плашите од нешто непостоечко, туку треба да излезете со ставови, рече Лајчак.

Посредниците на САД и ЕУ престојуваа во Косово од понеделникот и се сретнаа со претседателката на државата, Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти, со лидери на опозицијата и претставници на косовските Срби, како и со претставници на меѓународната заедница во Косово и на граѓанските организации.

Во најновиот заеднички обид на САД и ЕУ да го заживеат процесот на преговори, по престојот во Приштина, Ескобар и Лајчак ќе ја продолжат посредничката мисија со дводневна посета на Белград.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.