Published: Wednesday, February 2, 2022 12:46
Најмалку 25 луѓе загинаа денеска кога високонапонски кабел за струја пукна и падна врз куќи и пазар во предградие на Киншаса, главниот град на Конго, соопшти полицијата.
Електричен кабел со висок напон падна врз неколку куќи во областа Матади-Кибала и врз пазарот, а неколку луѓе загинаа на самото место, изјави началникот на полицијата во Киншаса, Силвано Касонго, пренесува „Би-Би-Си“.
На видеата кои кружат на интернет, луѓето плачат покрај неколку тела во баричките со вода во кои паднале, опкружени со расфрлани свежи производи.




