Тројца членови на Претседателство на поранешна СФРЈ, Стјепан Месиќ, од Хрватска, Богиќ Богиќевиќ, од БиХ и Васил Тупурковски од Северна Македонија, го комплетираат „Апелот за спас на БиХ“.
Според весникот „Јутарњи лист“, тројцата планираат да го испратат документот до клучните инстанци во и надвор од БиХ каде се одлучува за земјата, но ќе го упатат и до „сите засегнати“, како и до пошироката јавност.
Како што објави хрватскиот неделник „Национал“, Месиќ, Богичевиќ и Тупурковски во својот апел заговараат сосема спротивно решение за БиХ од етничките концепти на Република Српска и ХДЗ БиХ, кои ги поддржуваат властите од Белград и Загреб.
На прашањето како објаснува дека во бошњачките кругови се тврди дека премиерот Андреј Пленковиќ и ХДЗ се далеку подобронамерни кон БиХ од претседателот Зоран Милановиќ, Месиќ рече дека не знае за тоа.
„Но, знаете што, добив порака од таткото на Пленковиќ во која напиша дека јас се среќавам со Милановиќ, а зошто не комуницирам и со неговиот син. Но, Пленковиќ никогаш не ме покани да разговараме или да се видиме, изјави Месиќ“, пренесе загрепски „Јутарњи лист“.




