Украинските власти ја отфрлаат можноста да дозволат специјален статус на Донбас, регион во источниот дел на земјата, како и можност за ставање на вето на одредени владини одлуки, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Ниту еден украински регион нема да има моќ да влијае на државните одлуки. Ова е врежано во камен. Нема да има посебен статус, како што замислува Русија, додаде Кулеба.
Шефот на украинската дипломатија истакна дека Киев работи на широка децентрализација, но истовремено е подготвен да работи и на имплементација на Договорот од Минск.
„Сепак, Договорот од Минск почнува со безбедносно прашање. На второ место е политичкиот дел. Така што сите мора да се фокусираат на безбедноста, додаде Кулеба во интервју за „Речпосполита“.




