Тоа што вашата земја нема свој тим во Бразил не значи дека не можете да навивате. Белгија и нејзиниот смисол за хумор ви предлагаат да ве “присвојат” во текот на Мундијалот и се надева дека утре ќе навивате за нејзината репрезентација игра со Аргентина.
Постапката е многу едноставна. Одете на сајтот http://belgiumizeme.be/ и ставете ги вашето име и презиме во полињата одредени за тоа. Сајтот ќе ви го даде вашето ново белгиско име.
На овој Мундијал Белгија досега постигнува голем успех. Целата држава е обоена во боите на “Црвените ѓаволи” како што се нарекува белгиската репрезентација. Ова е за прв пат, по 28 години, Белгија да влезе во четврт финалето на Светскот фудбалско првенство. По победата врз екипата на САД во вторникот на славењето му немаше крај и наптреварот утредента беше во сите муабети.
Овој кус текст го напиша Сандрин Јакобс.