Published: Thursday, February 3, 2022 09:09
Христос Сарѕетакис, поранешен претседател на Грција од 1985 година до 1990 година, почина на 93-годишна возраст. Тој два месеца беше на интензивна нега во болница во Атина поради пневмонија во атинска болница, каде што утрово ја загуби битката.
По професија беше судија, а во 1985 година беше предложен од ПАСОК за претседател на државата.
По завршувањето на петгодишниот претседателски мандат, Сарѕетакис во голема мера се повлече од јавниот живот во Грција.




