НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каква порака прати Борис Џонсон до Пендаровски и Ковачевски?

0
By Mirjana on February 3, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: проф. д-р Марјан Ѓуровски

Од делувањето на македонската политичка елита зависи дали како држава ќе остане само објект или ќе се градиме како субјект во регионот, кој ќе партиципира во креирањето на политиките и одлуките. Се наоѓаме во турбулентен период во кој за само неколку дена за безбедноста се говори многу повеќе од изминатите две години. Се одржа седница на Советот за национална безбедност, на гости ни беше специјалниот пратеник на Брисел, а македонска државна делегација предводена од премиерот Ковачевски се наоѓа во седиштето на НАТО и ЕУ.

Балканот влегува во неизвесен период на политичка (не)стабилност што повремено може безбедносно да загрози некои држави и народи во овој регион. Не случајно во ист ден во неделата која изминува, претставниците на САД, ЕУ и на Велика Британија се најдоа на Балканот, првите беа во Приштина, а британскиот специјален пратеник допатува во Скопје, воедно во Неум, без постигнување на голем успех помина првата рунда преговори за иднината на Босна и Херцеговина.

Ескобар и Лајчак во Приштина, Стјуар Пич во Скопје беа во исти ден на Балканот. Дали ова е загревање или е отпочната партија шах со поделба на сферите на интерес, верувам набрзо самите ќе се увериме. Пораки кои дојдоа од Генералниот секретар на НАТО во присуство на македонскиот премиер потврдуваат дека сме со споредна улога, но сепак сме актери во големата игра.

Случувањата на Балканот индиректно се поврзани со барањата кои ги испорача официјална Моска до Вашингтон за запирање на политиката на проширување на НАТО. Владимир Путин преку своите играчи меѓу другото се заканува дека стабилноста на Балканот може да биде доведена во прашање, доколку не се дојде до решение за Украина.

Политичката нестабилност во Босна и Херцеговина и Црна Гора целиот регион го прави исклучително чувствителен и безбедносно ранлив. Дали е загревање или веќе е отпочната геополитичка игра на Балканот?!

Засега Франција мудро молчи, но без крчмарот (н.з. Емануел Макрон) не може да се плати сметката  на крај и покрај тоа што сега од друга страна е видлив поголемиот ангажман на официјален Лондон и покрај тоа што е надвор од Европската Унија.

Велика Британија ја напушти ЕУ, и поради тоа некои (н.з. Зоран Милановиќ) мислат има многу помало значење отколку порано. Имаат криза во Лондон, премиерот седи на некаква темпирана политичка бомба и динамичната агенда што ја спроведува и престојот во Украина ќе се види дали во голема мера е мотивирано од внатрешната ситуација или пак воспоставува нови партнерства и сојузништва кои се темелат на исклучиво специјално безбедносно-одбранбено партнерство како што тоа го направи меѓу Австралија и САД, со Хрватска, а сега тројна британско-полска-украинска коалиција.

 Недоверба во ЕУ и САД

Одлуката на Велика Британија да назначи пратеник за Балканот до одреден степен е израз на недоверба во ЕУ и САД за да се спречи колапсот на територијалните решенија наметнати во 90-тите на Балканот.

Ова се прави кога администрацијата на Бајден е распослана на повеќе места на меѓународно ниво, а американската јавност се противи на насилната интервенција во периферните региони како што е Балканот, а ЕУ е исто така внатрешно поделена околу тоа како да одговори на предизвиците на регионот.

Активната дипломатија на екс началникот на британските воздухопловни сили маршал,  порашен шеф на Воениот комитет на НАТО и екс началник на Генерал штабот на британската армија Стјуарт Пич во улога на  специјален пратеник на земјата за Западен Балкан првенствено е израз на загриженоста на Лондон дека територијалното решение наметнато на Балканот во 1990-тите е загрозено, но воедно говори дека недостига доверба во ЕУ и САД да ги спречат евентуалните промени.

За Лондон, кој со своите интервенции одигра важна улога во обликувањето на решението за Босна, Косово, оправдано е стравувањето за зголемување на динамиката на проблемично однесување на политичката балканска елита. Освен тоа, Лондон не сака конфликт поради кој можеби ќе треба да интервенира на било кој начин во блиска иднина.

Брисел не е изненаден од делувањето на Лондон, кој сака да остане важен фактор во регионот и по излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Како членка на НАТО, но и како постојана членка на Советот за безбедност на ОН и членка на Квинте (САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија), Велика Британија секако има важна улога во регионот.

Сепак, дел од дипломатите во Брисел се изненадени што британската влада решила да стави таков „тешкаш“ на таа позиција.

Софија индеферентна на надворешен притисок

 Што остави зад себе посетата на сер Стјуарт Пич во Скопје е прашање за чиј одговор треба меѓу редови да ги прочитаме официјалните изјави и соопштенија по средбите. Дали и каква порака во неговата актовка имаше  од Борис Џонсон до Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски?!

Македонско-британските односи традиционално се на високо ниво и македонската држава ја ужива поддршката континуирано во градење на нејзината независност и пред се сега во процесот на реформи на одбрана и разузнавачките служби на државата за што имавме конкретна британска помош.

Специјалниот британски пратеник ќе направи обид за индиректно да оствари влијание во решавање на македонско-бугарскиот спор. Пред да биде превземен било каков потег од Пич е осудено на неуспех, зошто прво Обединетото кралство веќе е надвор од Европската Унија, и независно колку ќе може да игра со британските визи, официјална Софија е индеферентна кон надворешен притисок кога станува збор за македонското прашање и давање зелено светло за почеток на преговорите со Европската унија.

Новиот геополитички статус на Велика Британија

Патувањата на  Стјуарт Пич на Балканот го одразува новиот геополитички статус на Британија. По напуштањето на ЕУ, Велика Британија повеќе не може да врши влијание во Босна преку Брисел. Форин офисот назначи свој претставник кој зазеде место до постоечките пратеници од Вашингтон и Брисел.  Тоа е потврда дека Велика Британија ја удвојува својата долгогодишна политика за оддржување на територијалниот интегритет на Балканот.

Лондон не ги одобрува промените на границите и се обидува да го зголеми притисокот врз секоја група што сака или ќе се обиде да ги ревидира. Особено, тоа важи за БиХ, каде Србите преку Милорад Додиќ го оспоруваат политичкото решение и се закануваат на независноста на Босна и Херцеговина.

Во однос на тактиката, судејќи според досегашните активности и средби британскиот пратеник Стјуарт Пич се обиде да се позиционира како посредник меѓу САД и ЕУ, кој би можел да ги премости позициите на Вашингтон и на Брисел и да одржи рамнотежа на силите меѓу нив.

Британија гради брана за попречување на руско растечко влијание на Балканот

Останува да се види дали Британија ќе успее во својата цел, бидејќи, со назначувањето пратеник Лондон ја покажа својата решителност да поддржи регионално решение, но прашање е колкаво влијание има Велика Британија.

Силата на специјалниот пратеник кој беше примен на највисоко ниво во Скопје лежи во неговата способност да ги мобилизира САД и ЕУ да ги преземат неопходните чекори за поддршка на регионалното решение, но нивната посветеност не е загарантирана, со оглед на рамнодушноста кон регионот во минатото и продлабочувањето на политичките проблеми во сегашноста.

Иако по Брегзит има многу несогласувања меѓу ЕУ и Велика Британија, Западен Балкан соработува и сака да работи заедно за да ги промовира прозападните сили во регионот, кои се повеќе се оспорувани од растечкото влијание на Русија и други фактори.

 

Во контекст на теоријата на рефлективна модернизација, Балканот е постојан извор на политички/безбедносни ризици и пред се други антимодерни движења. Нејзината реконструкција во ерата на глобализацијата се покажа како недовршена работа. И кој знае колку време ќе трае? Главно поради силите и интересите на глобалните играчи од Велика Британија, Франција Германија, Турција, Америка и Евроазиска Русија. Тоа се сите играчи кои „фрлија око“ на Балканот. Теоријата на Френсис Фукујама за крајот на историјата скрши заби и на Балканот. Конзервативецот Семјуел П. Хантингтон (Судирот на цивилизациите и повторното создавање на светскиот поредок) бил поблиску до антиципирањето на настаните на Балканот со макрополитичката идеологија на судирот на цивилизациите. Тргнуваме од тезата дека во оваа приказна нашите глобални играчи се појавуваат како актери во социјалната реконструкција на новата општествена реалност на Балканот, водени од сложени механизми од центарот на глобалната моќ, нивните припадности на Балканот преку сервилни и немагинативни подредени влади, медиуми, граѓанско општество и пропагандна индустрија која во постдемократската држава има за цел голо производство на согласност, а не јавна дебата.

Овој дискурс, значи, го отвораме со методот на политичка деконструкција на различни политички концепти за обнова на Балканот во ерата на глобализацијата од позиција на цел и вредносна рационалност (Макс Вебер). Во споредба со претходно нагласените два вида општествено делување, на Балканот не му недостасува афективно и традиционално делување. Освен тоа, можеме да зборуваме за претерувања без мерка и граници или за вишок на афективно и традиционално дејствување. Обидите за реконструкција на Балканот може да се разберат како моќ на играта против играта на моќта.

Авторот е универзитетски Професор 

 

 

КОЛУМНА ЃУРОВСКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.