Published: Friday, February 4, 2022 09:05
Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ одлучи да го прекине производството во две свои фабрики во Јапонија поради проблеми со снабдувањето со делови. Работата прекинува на 7. и 8 февруари, како што се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на автомобилскиот гигант.
Не е познато дали затворањето ќе влијае на целокупниот обем на производство на „Мазда“.
Проблемите со снабдувањето се поради студеното време во источна Северна Америка, се наведува во известувањето.
„Мазда“, во јуни во 2021 година, беше принудена да затвори една од своите јапонски фабрики на 10 дена поради недостиг на полупроводници за автомобили.




