НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минималната плата останува отворено прашање, разговорите треба да продолжат следната недела

0
By Mirjana on February 5, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема договор и по втората средба меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Синдикатите остануваат на барањето за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, додека дел од работодавачите со предлог да се субвенционира зголемувањето на минималната плата. Она за што сите социјални партнери се согласни е дека постоечкиот модел за усогласување на минимална плата не е прифатлив за никој.

Разговорите, според најавите, треба да продолжат следната недела откако во понеделник на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата изнесен на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

– Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија дојде со предлог ако веќе се прифати било кое зголемување на минималната плата до определено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие имаа две барања – едното е поддршка на 50 отсто на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена. Ние не бевме спремни за калкулациите бидејќи за сите други модели што претходно беа понудени направивме симулации што тоа би значело. Во понеделник имаме Економски совет на кој ќе дискутираме за се што оваа недела се разговараше. Ќе излеземе со анализи какви фискални импликации може да има за предлогот да го покриеме одреденото зголемување на минималната плата, изјави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата.

Владата останува на ставот дека се најде одржливо решение до кое ќе се дојде само преку консензус меѓу сите социјални партнери.

– Мораме да продолжиме да дискутираме и да најдеме одржливо решение кое ќе генерира еднаш за секогаш да заборавиме да зборуваме за минимална плата. За жал, во нашата држава 13,8 проценти од работниците се приматели на минимална плата, а просекот во Европската унија е три проценти. Ние треба да зборуваме како да го намалиме овој просек, рече Битиќи.

Синдикатите остануваат на нивните барања и на најавите за генерален штрајк. Тие вчера одржаа предупредувачки собир пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија, а за четврток на 10 февруари најавија собир пред Собранието кога на пленарна седница треба да се расправа за измените на Законот за минимална плата предложени од „Левица“. Од вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет излегоа незадоволни од односот на работодавачите, а ја охрабрија Владата да застане на страната на работниците.

– Очигледно дека работодавачите си гледаат само за нивните фирми, за нивниот капитал. Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите, а Владата излезе со одлична анализа која кажува дека моделот што го предлага ССМ и останатите синдикати е најприфатлив и опстоен во идните години. Ја охрабрувам Владата цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што го бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, изјави вчера претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Работодавачите пак сметаат дека нивниот предлог е најприфатлив. Според нивните пресметки, минималната плата би се зголемила над 16.300 денари.

– Нашата проекција предвидува долгорочно поприфатливи услови за сите работници отколку оние што ги дава синдикатот. Како компании работиме на долг рок и сите наши планови ги правиме на долг рок и сметаме дека од денес за утре платите на работниците не вродува со сигурност за нивното работење, изјави вчера претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска.

За синдикатите, ваквиот предлог на работодавачите е неприфатлив бидејќи вредноста на синдикалната минимална кошничка изнесува 35.040 денари и две вакви минимални плати се малку за да може работниците да ги покријат минималните месечни потреби.

И додека течат преговорите за зголемување на минималната плата, во Собранието на дневен ред на пленарна седница на 10 февруари по скратена постапка е ставен предлог за измени на Законот за минимална плата поднесен од „Левица“ со кој се бара минималната плата да биде 60 проценти од просечната плата. Досега, поддршка за ваквиот предлог најавија од ДОМ, Демократскиот сојуз и Социјалистичката партија.

ДОГОВОР ЗА минимална плата НЕМА СЕУШТЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.