Добростоечките поддржувачи на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп , можат за износ кој достигнува 250.000 долари, да закажат вечера со него, со тоа што собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претдседателските избори пишува Гардијан.
Акцијата за собирање пари наречена „ Форум на кандидати за враќање на Конгресот“ е закажана за 23 месецов на Трамповиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида, наведува британскиот весник.
Трамповиот супер PAC- организација која собира пари за неговата кандидатура , веќе испрати покани до сите потенцијално заинтересирани .