Владата предводена од СДСМ е на страната на работниците, а ветувањето за покачување на минималната плата ќе биде исполнето, наведе претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук, се наведува во соопштението дистрибуирано од владејачкиот Социјалдемократски сојуз.
„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе нѐ одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните.“ се наведува во објавата на претседателот Ковачевски.