НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска и Бугарија на првите 2 места по број на мртви од ковид19 во Европа

0
By Mirjana on February 6, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминатите седум дена, Хрватска беше прва по бројот на починати од коронавирус во Европската унија со 73 смртни случаи на милион жители, а на второ место е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители.

Загребачки Јутарњи лист пишува дека со ова се потврдува дека е заблуда дека има помала опасност од омикрон варијантата на коронавирусот и дека минатонеделните податоци на Заводот за статистика дале реална слика за тоа што направил коронавирусот во Хрватска во изминатите две години, каде само во 2022 година починале 63.611 лица или 12.000 повеќе од во годината пред епидемијата.

Заводот наведува дека од март 2020 година, кога започна пандемијата, до декември 2021 година, бројот на умрени лица е зголемен за 16,9 отсто во однос на петгодишниот просек за тој период, односно починале 16.146 повеќе хрватски државјани. Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година во Хрватска починале 31.724 мажи и 31.887 жени.

„Ова значи дека, во споредба со годината пред епидемијата, починале 6.372 мажи и 5.445 жени повеќе, како резултат на пандемијата која траела повеќе од две години. Но, тие црни бројки сепак би можеле да бидат многу помалку фрустрирачки доколку граѓаните на Хрватска се вакцинираат како граѓаните на повеќето земји од ЕУ“, пишува весникот.

Во написот се посочува дека бројот на починати во последните седум дена го потврдува тоа, па така, на пример, Холандија и покрај големиот број заразени не забележала смртни случаи поради коронавирусот, Германија имала 10 починати, Австрија која воведе задолжителна вакцинација -11 смртни случаи, а Шведска, Шпанија, Португалија и Данска имаа околу дваесет смртни случаи на милион жители.

„Сите тоа се земји со висок процент на вакцинација, што очигледно дава резултати“, наведува Јутарњи лист

број починати Хрватска и Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.