НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владиниот Економски совет ќе расправа за минималната плата, преговорите продолжуваат

0
By Ivana on February 7, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На седница на Економскиот совет на Владата денеска се очекува да биде разгледано се за што е разговарано досега во однос на синдикалното барање за зголемување на минималната плата, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата. По ова, треба да се одржи нова седница на Економско-социјалниот совет по онаа во петокот кога не беше постигнат договор.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето. Очекува уште денеска да има решение за покачување на минималната плата.

-Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето.Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, напиша вчера Ковачевски во објава на Фејсбук.

Владата, синдикатите и работодавачите, во петокот не постигнаа договор за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати, но сите социјални партнери се согласни дека постоечкиот модел за усогласување на минимална плата не е прифатлив за никој.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија и вчера и порачаа на Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави синдикалниот предлог за минималната плата од 18.000 денари и скалесто покачување на останатите плати на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи.

-ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кои ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме!, наведоа во соопштение од ССМ.

Доколку и понатаму нема решение за минимална плата, тие најавија дека во четврток, на 10 февруари, нивното членство ќе излезе пред Собранието да даде поддршка на пратениците да го изгласаат предлог законското решение на синдикатите коешто е 7-ма точка на пленарна седница. Доколку и тоа не се изгласа, најавија штрајк со блокади на фабрики, слободни економски зони, институции, патишта и итн..

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по последниот состанок на Економско социјалниот совет во Владата информираше дека Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија  предложила предлог ако веќе се прифати кое било зголемување на минималната плата до определено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие, како што рече, имале две барања – едното е поддршка на 50 отсто на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена.

-Ние не бевме спремни за калкулациите бидејќи за сите други модели што претходно беа понудени направивме симулации што тоа би значело. Во понеделник имаме Економски совет на кој ќе дискутираме за се што оваа недела се разговараше. Ќе излеземе со анализи какви фискални импликации може да има за предлогот да го покриеме одреденото зголемување на минималната плата, изјави Битиќи, порачувајќи дека Владата останува на ставот дека се најде одржливо решение до кое ќе се дојде само преку консензус меѓу сите социјални партнери. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.