НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АМАН не се откажува од барањата – ќе покрене референдум

0
By Нова ТВ on February 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ќе ги искористиме сите граѓански легални форми, па ако треба ќе собираме и потписи за референдум за да ги одбраниме правата на граѓаните и да ги оствариме нашите барања“, порачаа активистите на граѓанската иницијатива АМАН вечерва на прес конференција, откако Собранието денеска го прогласи за невалиден нивниот предлог на закон за измени на Законот за енергетика.

Тие се едногласни да не се откажат од она што го бараа со измените на Законот за енергетика, враќање на евтината дневна струја и да не се плаќаат услугите кои граѓаните не ги користат од енергетските компании.

А ќе ги активираат и останатите барања со кои го почнаа протестот пред шест месеци.

– Сите легални граѓански форми на реагирање се во опција, па ако треба ќе собираме и потписи за референдум, иако знаеме колку тешко се реализираат таквите активности поради притисоците, какви што имавме за време на собирањето и на овие 10.000 протписи. Но,не се плашиме и нема да подлегнеме на притисоци и закани – рече Петрит Сарачини, активист на АМАН.

Граѓанската иницијатива е расположена да одговори и на изразената подготвеност од страна на Регулаторната комисија за енергетика и државните институции за разговор со нив.

– Ќе ги држиме за збор и ќе бараме да го остварат кажаното во врска со ангажираната моќност, а кажаа дека 33 проценти можат да бидат намалени за домаќинствата – рече Сарачини.

Од АМАН јавно предложија струјата произведена во домашните производни капацитети да се користи за домаќинствата.

– Не убедуваа дека онаа струја што ја произведува ЕЛЕМ е за 2,5 пати поевтина од увезената, па тогаш предлагаме таа да им се испорачува на домаќинствата, а индустриските капацитети кои создаваат профит нека купуваат од странство, такви се и директивите на европската енергетска заедница на која се повикуваат државните институции – подвлече Сарачини.

Активистите на граѓанската иницијатива АМАН се изненадени од односот на пратениците кон нивната претставничка за време на расправата во Собранието, кога беше навредувана и омаловажувана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.