Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео+Фото) Репортажа на „Си-Ен-Ен“ од „градот на духови“: Украинска војска на обука во Чернобил за нова катастрофа

0
By Sashko on February 9, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 22:45

Чернобил е напуштен од најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година. Меѓутоа, со десетици илјади руски војници кои се трупаат на само неколку километри од границата на Украина со Белорусија, „градот на духови“ сега е домаќин на украински безбедносни сили кои се обучуваат за војна. Украина, меѓу другите локации, го користи токму Чернобил за уште една потенцијална катаклизма.

Рускиот претседател Владимир Путин доследно негира дека Кремљ планира влегување во Украина, пишува „Си-Ен-Ен“. Руското воено распоредување во Белорусија е, наводно, поврзано со заеднички воени вежби што треба да почнат утре. Но, сателитски фотографии покажуваат дека руски кампови се воспоставуваат во близина на границата со Украина, на стотина километри од местото на воените вежби.

 

Доколку Русија изврши инвазија на Украина, тогаш чернобилската зона на исклучување би била можен канал за Киев. Американски и НАТО официјални лица велат дека Путин постојано го зголемува своето воено присуство во Белорусија, од 5.000 војници во јануари на околу 30.000 овој месец.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во четвртокот рече дека руското распоредување во Белорусија е најголемо од Студената војна и дека голем број од тие сили се оддалечени на само два часа возење од Киев.

Пропагандна битка

Воздухот е густ со сулфур додека трупите на Националната гарда го чистат градот од замислени непријателски мети, испалувајќи стотици куршуми боева муниција во мети од шперплочи на прозорците на околните згради.

Снајперисти пукаат во портокалови мети што се поставени високо во станбените блокови. Минофрлач лансира проектили од снежна чистина. Оклопно возило минува покрај блокади на патот за да се спротивстави на напаѓачи на втор спрат во една од зградите.

Пред повеќе од 35 години, потсетува „Си-Ен-Ен“, експлозија во нукеарната централа „Владимир Ленин“ го принуди на евакуација поширокиот регион од каде се распространија радиоактивни честички ширум Европа. Во несреќата загинаа 31 лице додека милиони беа изложени на опасни нивоа на радијација. Проценките за конечниот број на смртни случаи од долгорочните здравствени проблеми се однесуваат на дури 200.000.

Сега, за време на обуката за можна војна, Украина ги доведе светските медиуми во регионот.

Денис Монастирски, министер за внатрешни работи на Украина, рече пред новинарите дека безбедносните сили прават вежби во Чернобил за да покажат колку напредувале во тактиката за градска борба, откако Русија го анектира Крим, а проруските сепаратисти го зазедоа дел од источна Украина пред, речиси, осум години.

Сите овие сценарија се земени во предвид и сумирани од настаните што се случија од 2014 година, рече Монастирски.

Но, настанот е, исто така, и обид на Киев да парира на пропагандата што доаѓа од Москва.

Русија, на дипломатскиот фронт, во повеќе наврати го обвини НАТО дека е одговорен за кризата, тврдејќи дека ширењето на Алијансата на Исток претставува егзистенцијална закана. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објавува пропагандни видео снимки, со тенковски колони кои се движат со максимална брзина преку смрзнати степи и борци за копнени напади кои влегуваат во бази во јужна Белорусија.

Точната природа на руските закани кон Украина останува нејасна.

Украински официјални лица минаа поголем дел од последните неколку недели на намалување на проценката на САД дека руска инвазија би била „неминовна“, загрижени дека таквите оценки предизвикуваат паника и дестабилизација на економијата.

Имаме исти факти, но различна перцепција или различни проценки, рече министерот за одбрана, Алексеј Резников за „Си-Ен-Ен“ по надгледување на вежбите во Чернобил.

„Белата куќа не треба потенцијалната инвазија да ја нарекува „неминовна“ поради загриженоста дека тој израз сугерира оти Путин веќе донел одлука за напад на Украина“, забележуваат Украинците.

Но, без оглед на тоа, Украинците признаваат дека зголемувањето на руската војска во Белорусија е загрижувачко.

„Само будала би започнала војна“

„За војна не размислуваат многу Украинци кои живеат во близина на границата каде се среќаваат Украина, Белорусија и Русија“, пишува „Си-Ен-Ен“.

Веќе пет години велат „доаѓа војна“. Само будала би започнала војна. Ќе нема победник, рече еден човек во репортажата на „Си-Ен-Ен“ кој побарал да остане анонимен.

Во кафулето „Три сестри“, наречено по три поранешни советски републики, 64-годишната Маша подготвува еспресо во хартиени чашки за уморни возачи кои ќе залутаа

Камион по камион чекаат да минат во Русија. Некои се заглавени со денови и забавени поради ограничувањата за ковид-19. Пред нив се малку опции, освен да почекаат и се освежат со топол напиток во кафулето.

Овде не доаѓа војна. Тоа нема да се случи. Дали Путин сака да војува со цивили? – Не, не сака тоа. Никогаш во животот. Сето тоа се лаги, политика. За тоа и не размислуваме, убедена е Маша.

Таа работи во кафулето, како што вели, да ја дополни пензијата која е околу 77 долари месечно. Речиси да не е загрижена за геополитичките игри на светските лидери, туку за справување со тешкотиите во секојдневниот живот.

„Да можам, би го распуштила парламентот. Треба да дадат соодветни пензии на народот, за луѓето да не бидат просјаци“ додаде таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.